Столе Димитриевски носи Louis Vuitton чанта за собир на репрезентацијата - пак покажа зошто е меѓу голманите со најдобар стил
„Накитил се, испеглал се, чевли светат ко огледало! Стајл кумановски, Столе ко од списание излезен“ - стои во шеговиотиот коментар на Инстаграм профилот на Фудбалската федерација, на најновите фотки од репрезентативниот голман.

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, вчера (06.10) пристигна во Скопје, пред натпреварите со Белгија и Казахстан во квалификациите за Светското првенство.
На собирот на репрезентацијата, Столе дојде во стил, со чанта за патување од Louis Vuitton.

Чантата е ретро-модел на брендот, од 2003 година, а се продава како винтиџ парче, преку e-bay или колекционерски онлајн продавници, а чини меѓу 2.000 и 9.000 евра.
„Се пријавувам за должност“, напиша Столе на Инстаграм, каде што ги објави фотографиите.
Фотките од Столе ги споделија и на Инстаграм профилот на ФФМ, со шеговит коментар:
„Накитил се, испеглал се, чевли светат ко огледало! Стајл кумановски, Столе ко од списание излезен“.

Столе е познат по својот специфичен моден стил и комбинациите кои многумина не би се осмелиле да ги облечат, но поради што го доби епитетот „еден од голманите со најдобар стил во Европа“.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Македонци со впечатлив стил: Голманот Столе Димитриевски е спортска модна икона (фото)
А. Ј. | Црнобело
