Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите?
На првата вечер доминираа црни аутфити со тантела и кожени детали, а меѓу посетителите имаше и јавни личности, како Сергеј Варошлија, Миа Костова и Илариа Кирилов.

Синоќа (10.10) во Штип се одржа првата вечер од најголемиот есенски моден настан кај нас – Shtip Fashion Days 2025.
Посетителите уживаа во неколку модни ревии на врвни македонски дизајнери и поголеми брендови, но имаа можност да погледнат креации и од млади, надежни таленти.
Покрај ревиите, фокусот беше и на посетителите, меѓу кои имаше и јавни личности од Македонија како Сергеј Варошлија, Миа Костова, Илариа Кирилов, Стефанија Кржеска, Александар Динев…
На првата вечер доминираа црни аутфити со тантела и кожени детали, но имаше и по некоја смела комбинација во поживи бои.
Што облекоа посетителите на Shtip Fashion Days 2025?










