Бајковита фотосесија на Македонка во ирски замок - впечатлив моден аутфит искомбиниран со гумени чизми
„Розовата наметка која ја носам е сплетена во Македонија, од вештите раце на наши плетачки таму и со гордост го кажувам тоа секаде каде што одам. Ме грее таа наметка однадвор и однтаре“, вели за CRNOBELO.com Марија, која 20 години живее во Ирска, а фотографиите изгледаат како да се направени за модно списание.

Марија Аслимоска од Скопје две децении живее во Ирска, а има и своја парфимерија во Даблин.
Таа на својот профил на Инстаграм често објавува фотки од убави локации од Ирска, како и модни комбинации, поради што нејзините следбеници ѝ го обожаваат профилот и уживаат во содржините што ги споделува со нив.
Така беше и со нејзината последна објава, фотосесија направена во замок.
Станува збор за замокот Ашфорд, средновековен викторијански дворец кој е изграден во 1228-ма година, а денес е претворен во хотел.

За прекрасното зеленило на ирската природа, Марија избра розово здолниште со црвени рози, во комбинација со црвена блуза, наметка во циклама боја и црн шешир.
Но, на една од фотките таа покажа и дека на нозете носи зелени гумени чизми, како оние за работа во градина, па со тоа ја откри и „тајната“ што се крие под нејзиниот аутфит.
„Розовата наметка која ја носам е сплетена во Македонија, од вештите раце на наши плетачки таму и со гордост го кажувам тоа секаде каде што одам. Ме грее таа наметка однадвор и однтаре“, рече Марија за CRNOBELO.com.

Погледнете ги фотографиите од нејзината бајковита фотосесија:


