5 неутрални нијанси идеални за есенски и зимски комбинации, ако ви здодеа црна (фото)
Ако сакате неутрални нијанси, но веќе ви е „преку глава“ од црна, експериментирајте со чоколадно кафеава, бордо или, пак, темно портокалова.

Црната боја е класика и веројатно ви е меѓу омилените ако сакате понеутрални нијанси.
Но, кога ја носите постојано, стилот може да ви делува еднолично и здодевно.
За да внесете свежина во секојдневните аутфити, може да ви послужат некои неутрални нијанси кои изгледаат исто елегантно како и црната.
Неколку предлози во продолжение:
Чоколадно кафеава
Чоколадните тонови доминираат оваа сезона и изгледаат добро на сите парчиња.
Лесно се комбинираат со црна, а изгледаат мошне добро и во монохроматски аутфити.

Маслинесто зелена
Како чоколадната, и маслинесто зелената нијанса е огромен хит периодов.
Лесно се комбинира со други неутрални бои, а може да биде идеален избор за есенски и зимски комбинации.

Бордо
Бордо нијансата е како создадена за во есен и зима.
Можете да ја искористите за акцентирање на едно парче, но и за монохроматски аутфит ако сакате нешто навистина впечатливо.

Крем
За поелегантни аутфити, нема да погрешите со крем нијанса.
Можете да ја комбинирате со бела, но и со потемни неутрални бои.

Темно портокалова
Додека портокаловата за некои може да биде кич, темните нијанси се идеални ако сакате нешто понеутрално.
За разлика од црната и другите нијанси, изгледаат поживо, но сепак не се нападни.
Притоа, идеална е за во есен и зима.

Спирова С. | Црнобело