Пет бои кои лесно се комбинираат (и се носат во секоја сезона)
Впечатлива, но не и нападна, маслинестата зелена е идеална за секоја сезона, а делува мошне софистицирано.

Менувањето на сезоните значи и менување на трендовите, а со тоа и боите што се популарни.
Но, некои бои се како универзални – изгледаат добро во секоја сезона, а притоа и се комбинираат со сè останато.
Пет бои кои лесно се комбинираат и се носат секоја сезона:
Путер жолта
Путер жолтата делува свежо, а не е нападна и мошне добро се вклопува во минималистичките комбинации.
Можеби најдобро изгледа со кафеава, сива или бела, а е идеална за секоја сезона – во пролет и онака сакаме светли нијанси, додека во студените месеци им дава свежина на комбинациите.

Бела
Белата може да биде одлична основа и за зимски, и за комбинации за потопло време.
Ќе изгледате добро ако се облечете во бело од глава до пети, но и ако ја комбинирате дури и со контрастни бои.

Маслинеста зелена
Впечатлива, но не и нападна, оваа нијанса на зелена е одлична рамнотежа помеѓу неутрален и понагласен изглед.
Идеална е за секоја сезона и секогаш делува елегантно и софистицирано.

Сива
Сивата е безвременска класика која може да ја носите во сите нијанси – од најсветли, до најтемни.
Со други неутрални тонови делува доста луксузно, а може да биде и убав контраст со повпечатливи бои.

Чоколадно кафеава
Оваа нијанса е топла и длабока, а делува и мошне луксузно.
Можете да ја носите во текот на целата година, а да ја комбинирате со скоро осите други бои.

Спирова С. | Црнобело
