Како до женствено мускулести нозе за секси изглед летово?

kako-do-zenstveno-muskulesti-noze-za-seksi-izgled-letovo-povekjeМинатонеделниот пост за добар изглед во бикини, денес го дополнуваме со совети за витки и секси нозе. Низ град или на плажа, тие се највпечатливи.

Еве како да го направите впечатокот силен и да украдете погледи и воздишки.

Пешачете секој ден

Звучи наивно, но за воља на вистината пешачењето и тоа како ги формира мускулите на нозете и ги согорува калориите. Во просек, со еден и пол километар пешачење личност со тежина од 82 килограми, согорува повеќе од 300 калории. Се активира цела мускулатура на ногата: од листот и предниот дел на потколеницата, квадрицепсите, флексорот кај колкот, сè до мускулите на задникот. Бонус: се  активираат и стомачните мускули.

Препорака: Имаме одлична патека покрај Вардар во Скопје и одлични патеки низ парковите во другите градови. Удобни патики на вас, лесна облека, добра музика на уши и почнете со пешачење. Добро влијае и за опуштање на мозокот после напорниот работен ден.

Ако сакате појако темпо на вежбање – трчајте!

Со трчањето освен нозете, целосно се активираат и стомачните мускули, како и грбот и рацете. Правилното држење е основата на добриот ефект. Трчањето помага и во забрзувањето на работата на срцето, стимулира брза циркулација на крвта и дава многу енергија… откако ќе помине воспалението на мускулите :) Освен тоа, со трчање многу побрзо се согоруваат масти, а нив најмногу сакаме да ги снема, нели?

Препорака: Патеката која што ја спомнавме на кеј е одлична и за трчање. Да трчате од дома до кеј, или до парк, и назад е доволно (освен ако домот не ви е баш на кеј). Внимавајте: секогаш бирајте рута која е рамна.

kako-do-zenstveno-muskulesti-noze-za-seksi-izgled-letovo

Пливање – спорт за цело тело

Практикувајте почеста посета на  базените, нема да зажалите. Ќе зајакнете, ќе добиете кондиција, ќе формирате цврсти мускули на нозете. Посетувајте ги базените навечер, кога нема гужва. Тогаш ќе можете на раат да влезете и во малиот базен, па и во него да истрчате некој круг и да направите некоја вежба за нозете. Отпорот на водата го прави ефектот на било која вежба поголем. За еден месец, со два пати неделно посетување на базен, мускулите се веќе на повидок. А и за време на одморот, ќе можете да продолжите со редовно формирање на витки нозе.

Препорака: Пливајте во различни стилови, не практикувајте само еден. Задолжително пред да почнете, џогирајте малку во место за да ги загреете нозете, и да го забрзате срцето. После пливање, истегнете се убаво неколку минути.

Возете велосипед

За еден час може да согорите и преку 600 калории! Примамливо, нели? Возењето велосипед влијае на тонирање на мускулите на целата нога. Доколку возите на рамно и со голема брзина, односно имате повеќе вртења на педалите, тогаш квадрисепсите ќе ви бидат најактивирани. Секоја нагорнина е добредојдена – качувајќи се по неа, ќе почувствувате како работат и се стегаат мускулите на задникот, а и листовите не се за жалење. Предизвик: после еден час возење велосипед, пробајте да се качувате по скали :)

Препорака: Имаме и велосипедска патека на кеј. Посетувајте ја во часови кога е попразна, за да може без проблем да се опуштите во брзината, ветерот и работата и формирањето на мускулите.

Практикувајте пилатес вежби

Пилатесот е најдобар начин да формирате тенки и витки нозе. Истегнувањето и главните вежби согоруваат масти и во најпроблематичните делови од ногата – преку 400 калории за еден час вежбање. Со пилатесот мусклуте се зајакнуваат, зацврстуваат и добиваат правилна форма. Практикувајте го неколку пати неделно. За разлика од претходните совети, во овој случај не зависите од временските услови :)

Препорака: Посетивме неколку центри за пилатес во Скопје. Око ни фати “Студио Пилатес” – нас. Црниче. Чисто, светло, шарено и позитивно. Како што видовме набрзина, имаат многу различни реквизити со кои се изведуваат вежбите, следствено на тоа – секој час им е различен и забавен на свој начин. Доколку се решите за пилатес, посетете ја нивната веб страна: www.studio-pilates.com и разгледајте ја нивната Фејсбук страна.

И да не се залажуваме, што и да почнете да вежбате за да ги добите нозете на Адријана Лима или Клаудија Шифер, треба да го практикувате истото континуирано. Ако вежбањето е интензиво само во летните месеци, ќе добиете ефект, но краткорочен. Затоа, зима – лето, пролет – есен, вежбајте – духот и телото ќе ви бидат благодарни, а нозете секогаш беспрекорни.

Би можело да ве интересира:

14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
9 стилски правила што мажите најчесто ги забораваат (па изгледаат диспропорционално) Верувањата дека само жените треба да се грижат за сопствениот изглед се застарен...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg