Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити
Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – неколку предлози за оваа пролет.

Ако веќе ви здодеаја истите (и безбедни) комбинации на бои, оваа пролет слободно можете да експериментирате.
Како и секоја пролет, и годинава најпопуларни се светлите и пастелните нијанси, но сега во посмели комбинации – некогаш со контрастни бои, а некогаш и со многу слични тонови.
Шест комбинации на бои идеални за оваа пролет:
Небесно сина и пастелно зелена
Пастелните нијанси се како „пролетна униформа“.
Небесно сината и пастелната зелена делуваат како слични нијанси, па заедно во комбинација изгледаат навистина свежо и „пролетно“.
Резултатот е елегантен аутфит во кој има малку простор за грешка.

Боја на лаванда и виолетова
Уште две слични нијанси кои изгледаат одлично заедно и создаваат женствени елегантен изглед.
Најдобро е да ги комбинирате со понеутрални модни додатоци за да не го оттргнете фокусот од убавите нијанси.

Бордо и небесно сина
Ако сакате повеќе контраст, нема да погрешите со небесно сина во комбинација со бордо.
Бордо нијансата е хит веќе некое време, а заедно со небесно сината е одличен спој за пролетни комбинации.

Пудра розова и боја на песок
Пудра розовата е хит скоро секоја пролет и изгледа мошне добро во комбинација со боја на песок.
Додека розовата нијанса е елегантна, бојата на песок му додава топлина на аутфитот.

Боја на путер и небесно сина
Очигледно, небесно сината е фаворит за оваа пролет, а изгледа многу добро во комбинација со друг тренд – путер жолта.
Двете нијанси одлично се балансираат една со друга.

Боја на јаглен и црвена како цреша
Темно сивата нијанса, слична на јаглен, можеби не е прв избор за пролетни комбинации.
Но, ако акцентирате со црвена како цреша можете да добиете совршен пролетен аутфит, особено ако не сте фан на многу светлите бои.

Спирова С. | Црнобело
