Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото)
Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик мантил, Алмедина со голо стомаче, Миа Костова во црн стајлинг со широки панталони и YSL додатоци, Стефан Лазаров во црвена кожена јакна по кратки ракави и уште многу други впечатливи комбинации – како се појавија гостите на Shtip Fashion Days 2026?

Вчеравечер (17.04.2026) се одржа првата од двете вечери на модниот настан Shtip Fashion Days.
Настанот, во организација на Општина Штип, се одржува трета година по ред, а овој пат локацијата беше руфтопот на ГТЦ Штип.
Со ова случување, на градот му се врати модниот дух по кој е препознатлив, а на едно место се собраа дизајнери, модели, инфлуенсери и други јавни личности.
Гостите оваа година не позираа на црвен тепих, туку во помодорен стил, пред пролетна инсталација со буквите SFD во облик на грмушки со цвеќиња, како што е и годинешната тема на настанот, за која имаше и моќна кампања за против насилство.
Преовладуваат целосно црните аутфити, елегантни и шик комбинации, впечатливи дизајни, со кои Македонците покажаа дека треба почесто да се случуваат модни настани.
Погледнете како изгледаа посетителите на Shtip Fashion Days 2026: