Шест модели на сандали што ќе доминираат ова лето – Како да ги комбинирате?
Апостолки со луксузен дизајн во темни нијанси, но и „бабински“ влечки кои поради едноставниот дизајн, можат да се комбинираат со апсолутно сè.

Веќе ги чувствуваме високите температури кои го најавуваат летото, а тоа значи дека наближува времето кога ќе ги замениме патиките со сандали.
Ако сакате да се подновите, тогаш погледнете кои модели ќе бидат хит годинава:
Апостолки со луксузен дизајн
Апостолките се неизбежни секое лето, а дури и кога не се во тренд, веруваме дека имате еден пар за по дома или за на плажа.
Ова лето тие сепак ќе бидат хит, но со малку полуксузен дизајн.
Наместо класичните гумени модели, популарни ќе бидат апостолките со впечатливи украси кои делуваат раскошно.
Што се однесува до боите, ќе доминираат црни, кафеави и темноцрвени нијанси.
Најдобро изгледаат како контраст со поелегантни парчиња, како ленен костим, макси здолниште или едноставен фустан.

„Бабински“ влечки
Можеме да научиме многу од нашите баби, а доказ за тоа се и модните трендови.
Едноставните рамни влечки со широк ремен се мошне удобни, а поради минималистичкиот дизајн лесно се вкопуваат со сè.
Можете да ги носите со впечатливо здолниште, лежерен костим, фармерки, широки панталони…
Ова лето популарни ќе бидат и моделите со мала штикла.

Апостолки со мала потпетица
Летово ќе биде популарна и друга верзија на апостолките – минималистички, со мала потпетица.
Овој модел изгледа одлично ако сакате да си играте со детали како зебра принт, металик финиш или впечатливи бои, но исто добро изгледаат и во минималистички комбинации.
