Шест модели на сандали што ќе доминираат ова лето – Како да ги комбинирате?
Сандали со многу тенки ремчиња
Сандалите со тенки ремчиња се летна класика, но ова лето ремчињата се речиси невидливи.
Резултатот е нежен и елегантен изглед, а овие модели се идеални за комбинации со сатенски панталони и фустани.

Сандали со вкрстени ремчиња
Вкрстените ремчиња го враќаат гламурот на 1900-тите.
Изгледаат елегантно, а не многу нападно, па можат да бидат идеални и за вечерни излегувања.
Лесно се комбинираат со сатенски панталони, едноставни здолништа и елегантни фустани.

Бохо кломпи или сандали
Секое лето е популарен по некој детаљ од бохо стилот, а годинава тоа се бохо кломпите.
Истовремено изгледаат и елегантно и лежерно, а одлично се комбинираат со други бохо парчиња, како широки фустани, тантела, ѕвонарки и тенки јакни.

Спирова С. | Црнобело