Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето
Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобојна маичка која може да се носи со речиси сè.

За да бидете тренди ова лето, доволно ви се само неколку едноставни парчиња кои се комбинираат едни со други, а сепак изгледаат стилски.
Ова се парчиња што исто така се и безвремени, па нема да застарат по само една сезона.
Осум парчиња со кои можете да го поминете целото лето:
Ленени панталони
Во потоплите денови кога не сте расположени за здолниште или фустан, нема ништо подобро од ленени панталони.
Покрај тоа, лесно се комбинираат со бројни летни парчиња – можете да ги носите со обична маичка, со кроп-топ, а добро и изгледаат и со бикини за на плажа.

Едноставни балетанки
Едноставните, еднобојни балетанки се вкопуваат во скоро секоја летна комбинација.
Можете да ги носите со полежерна облека, а изгледаат доволно елегантно и за ноќно излегување.

Миди фустан
Кога немате идеја што да облечете или немате многу време за комбинирање, миди фустанот ќе ви биде спас.
Модели има безброј, па лесно ќе најдете нешто што одговара на вашиот личен стил.
Се носат со патики, со балетанки и со влечки и единствено ќе треба само да одберете накит.

Макси здолниште
Долгите здолништа одговараат за секаква пригода.
Можете да ги комбинирате со кошули и маички, а изгледаат добро со секакви обувки – од сандали и влечки, до штикли.
