Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето
Едноставна маичка
Еднобојните маички со прерамки се носат со сите парчиња што ги спомнавме досега.
Но, добро изгледаат и со фармерки, кратки панталони, мини здолништа…
Вреди да купите повеќе модели во различни бои за да имате повеќе опции.

Капри панталони
Капри панталоните се тренд што го дели мислењето на јавноста.
Но, ако ви се допаѓаат, вреди да станат дел од вашата летна гардероба.
И, не се воопшто тешки за комбинирање – можете да ги носите со широка кошула, едноставна маичка, како и со влечки, балетани или чевли со минијатурна штикла.

Широка кошула
Класичната широка кошула ќе стане парчето што ќе го носите најчесто.
Ја освежува секоја комбинација, а изгледа добро со здолништа, фармерки, капри панталони, а можете да ја облечете и врз фустан.
Само осигурете се дека е од лесен материјал, како памук или лен.

Голема торба
Големите торби, најчесто од материјал како ратан, одлично ги дополнуваат летните комбинации.
Можеби не се погодни за вечерни излегувања, но се мошне практични за во текот на денот, па и за на работа
Бидејќи се неутрални, навистина можете да ги комбинирате со скоро сè.

Спирова С. | Црнобело