Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека - до самодовербата е“
За мене, самодовербата е најубавото нешто што може да го носи една личност.

Не е важно дали носиш бренд или едноставна комбинација — ако ја носиш со насмевка, став и чувство, тогаш веќе изгледаш посебно.

Мојата порака до младите е: никогаш да не се плашите да бидете свои. Светот е многу поубав кога луѓето ја покажуваат својата вистинска личност, своите соништа и својата различност.

Не мора да личите на никого за да вредите — токму тоа што сте различни ве прави посебни.
Луѓето секогаш ќе зборуваат, но најважно е како се чувствувате вие во своја кожа. Кога човек има самодоверба, добро срце и свој стил, тоа секогаш се забележува.

Трендовите се менуваат, модата поминува, но личноста, енергијата и печатот што ќе го оставите зад себе - тоа е она што луѓето навистина го паметат“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: Вржалски