Љупка Митрова издоминира на својата модна ревија во Скопје - блеска во сребрен фустан, поддршка од семејството
За својата прва ревија во Скопје, Љупка Митрова за себе создаде креација од циркони кои блескаа под светлото од рефлекторите, а фустанот, кој беше дополнет со впечатлив накит, ја следеше линијата на телото и ги истакна нејзините облини.

Љупка Митрова, сопственичка на модното студио Mitroff, вчеравечер организираше ревија во Скопје, на која ја претстави својата нова колекција „Гола меморија“.

И иако присутните беа воодушевени од колекцијата и целата атмосфера, Љупка е таа што издоминира и ги засени дури и сопствените модели.

Во сребрен фустан со нејзин потпис, Љупка ги сврте сите погледи кон себе и беше вистинска ѕвезда на вечерта.

За својата прва ревија во Скопје, таа за себе создаде креација од циркони кои блескаа на светлото од рефлекторите, а фустанот ја следеше линијата на телото и ги истакна нејзините облини.

На ревијата, освен од пријателите и естрадата, таа имаше голема поддршка и од семејството.
Со семејството
Постарата ќерка, Елена, носеше фустан од колекцијата на Љупка и танцуваше заедно со Иван Наумовски, сопругот Георги ја пречека на скалите за да ја одведе меѓу гостите, а меѓу нив беше ѝ татко ѝ на Љупка и најблиските членови на семејството, кои први ѝ честитаа.
Со сопругот Георги