Рафаел Надал за Ланвин

nadal-za-lanvin-povekjeЛанвин продолжува со новите одлични изненадувања и овој пат се ослонуваат кон спортски ориентираните мажи. Како и Диор, и Ланвин...

 

 

...почнаа со освојување на пазарот, го освоија и полека ги снема. Барем кога зборуваме за козметиката. nadal-za-lanvin

Го добивме Dior Homme Sport, а сега стигнува и Lanvin L'Homme Sport, новиот машки мирис спакуван во шишенце со сина боја во класичен Ланвин стил.

Заштитно лице на парфемот е Рафаел Надал, светскиот рекет број 1, што повторно изненадува знаејќи дека Ланвин до сега воопшто не покажуваше тенденција и наклоност кон спортски градените мажи.

Облечен во едноставна бела кошула со црна кравата околу вратот, го долови моментот на потполна безгрижност и мирис кој го слави доаѓањето на летото.

Парфемот е опишан како свеж и дрвенаст со примеси на цитрус. Се шушка дека Надал веќе следното лето треба да го потпише и својот прв парфем, а до тогаш ќе го промовира новиот сјаен изум на модната куќа Ланвин.

Би можело да ве интересира:

Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
Идеи како да бидете празнично облечени, а да не личите на кич новогодишна елка (фото) Црвена боја, зелена боја или бели светки како снегулки се дефиницја за празничен...
Модата на третата вечер на Макфест 2025 (фото) Си испеани 16 хитови од изминатите четири девени, вчеравечер во Штип беше затвор...
Осум тренди комбинации со бела кошула – најпопуларното парче за оваа пролет Со бермуди, со фармерки или со мини здолниште – има безброј опции кога е во праш...
Македонки и Србинки се приклучија на виралниот тренд – жолта ќеса за ѓубре како Balenciaga чанта од ... Откако на филмски фестивал актерка се појави со обична ќеса што сите мислеа дека...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg