5 пара задолжителни чевли за оваа есен

Оваа есен се носи речиси сè што поседувате во вашиот плакар.

5-para-zadolzitelni-cevli-za-ovaa-esen-01

Од големиот број на чевли што секоја девојка ги поседува, одвоивме 5 пара кои најлесно можете да ги вклопите за секојдневна комбинација, плус неколку идеи за инспирација за вашата следна прошетка или ноќно излегување.

Вообичаените црни класични потпетици кои ги носите на работните состаноци може да бидат навистина интересни. Со тесен џинс, необична кратка јакна и голема чанта вие сте спремни за вашето следно излегување со пријателките.

5-para-zadolzitelni-cevli-za-ovaa-esen-1


Рамните чевли во стилот на 60тите години се уште еден едноставен пар кои можете да го комбинирате со што сакате. Тесни фармерки до глуждот, женствени сукњи или фустанчиња, кожни јакни и големи марами.

5-para-zadolzitelni-cevli-za-ovaa-esen-2


Чизмите со полна пета веќе неколку години владеат со есенските комбинации. Без оглед дали ќе се одлучите за чизми со анимал принт или во едноставните есенски нијанси на кафената и црвената, ќе направите вистински избор. Полната пета делува едноставно, секси и безвременски.

5-para-zadolzitelni-cevli-za-ovaa-esen-3


Чизмите со отворени прсти се исклучиво за храбри девојки и храбри комбинации. Тесните панталони се најдобар пријател на овој модел на чевли, заедно со впечатлива маица и едноставна црна кожна јакна. Избегнувајте го женствениот изглед кога имате во план да носите вакви чевли.

5-para-zadolzitelni-cevli-za-ovaa-esen-4


Дали во лежерна комбинација или пак со класично здолниште, потпетиците со ременче околу глуждот се прекрасни. Затоа оваа есен тие се единствениот пар на чевли кои ќе можете да ги носите на посвечени излегувања заедно со вашиот омилен фустан.

5-para-zadolzitelni-cevli-za-ovaa-esen-5

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg