Носете смели комбинации оваа есен

Во годишното време кога се е дозволено, зошто да се задржувате исклучиво до едноставните минималистички комбинации?

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-1

Откријте што се имате во шкафот, од платнени шорцеви до високи чизми и склопете смела и необична комбинација.

Започнете со мешање на боите и материјалите – оваа сезона миксот од шари е во тренд. Кратките шорцеви носете ги со дебели, дизајнирани хулахопки. Здолништата носете ги со високи чизми над колениците. Класичната кошула нека се ѕирка малку под необичниот краток џемпер. Марамите нека ви бидат задолжителен детаљ за дневните прошетки.

Вечерните излегувања зачинете ги со повеќе накит од вообичаеното. Доколку ви беше незамисливо да измешате дрвени и метални алки, оваа сезона тоа е неверојатно модерно. На големите чанти врзете им интересна марама во спротивна боја од облеката која ја носите.

Искористете се што имате во шкафот за да направите една храбра и оригинална комбинација. Не ви се потребни нови и скапи парчиња, само нов начин на кој што ќе ги носите оние што веќе ги имате.

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-2

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-3

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-4

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-5

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-6

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-7

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-8

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-9

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-10

nosete-smeli-kombinacii-ovaa-esen-12

Би можело да ве интересира:

Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
6 тренди комбинации за жени - може да ги носите во секоја пригода во пролет 2026 Без оглед дали се подготвувате за на концерт, гостинка сте на матурска прослава,...
Седум модни комбинации со чизми за оваа пролет (број 3 ќе сакаат сите да ја пробаат) Со женствени, спортски и деловни комбинации - чизмите се хит оваа пролет, а може...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg