Модели за сите времиња

modeli-za-site-vreminja-povekjeМодата се менува од сезона во сезона, трендовите доаѓаат и проаѓаат, но некој модели сепак успеале да преживеат и повеќе од неколку сезони и да си...

 

...обезбедат статус на вечни класици.

1. Мал црн фустан modeli-za-site-vreminja2

Триесетите години на минатиот век ни ја донесоа “малиот црн фустан“ кој жените и денес го носат. Препорака на сите стилисти е дека секоја жена мора во својот гардеробер да има барем еден примерок.

Дело е на легендарната дизајнерка Коко Шанел која за прв пат го претставила на јавноста во 1926 година, но вистинска популарност доживува неколку години подоцна за време на Големата депресија.

Жените соочени со сиромаштијата, но и понатаму желни за добар изглед , го препознале овој фустан како идеален модел за секоја пригода.

2. Женско машки одела

Машките одела станаа составен дел на женската гардероба заблагодарувајќи и се на холивудската легенда Кетрин Хепберн која ги промовирала во 40тите години, во време кога жените исклучиво носеле здолништа и фустани.modeli-za-site-vreminja1

Хепберн покажала како белата кошула и сакото можат истовремено да бидат удобни, практични, а во исто време и гламурозни. Се останато се варијации на темата која денес ја препознаваме како “мода за на работа“.

3. Мини здолништа

Шеесетите години на минатиот век, британската дизајнерка Мери Квант ја креирала најкратката видена сукња дотогаш, која веднаш ги освоила жените ширум светот.

Иако денешните модели од тогаш се крателе и продолжувале во повеќе наврати, мини преживеа до ден денес, а секоја модно освестена девојка има барем еден мини примерок во орманот кој во вистинска комбинација делува шик и секси.

4. Платформи

Иако прв пат се претставени во 40-тите години на минатиот век, апсолутен хит станале три modeli-za-site-vreminja3децении подоцна, со појава на диско модата, кога нив ги прифатиле дури и мажите.

Од тогаш па до денес во разни варијанти се присутни во секоја сезона, но гломазните смешни модели од 70-тите сепак дизајнерите не ги обновија.

Својата популарност ја должат пред се на високите потпетици и додатни сантиметри кои се потешки за двишење од едноставните платформи.

5. Фармерки modeli-za-site-vreminja4

Откако глумицата Брук Шилдс во 80-тите изјави дека “помеѓу неа и нејзините фармерки не стои ништо“, фармерките стануваат парче облека кое е must-have за вечерни излегувања и за гламурозни забави.

Тие до денес го немаат загубено своето значење и секоја сезона се присутни во сите колекции и гардеробери на славните и на обичните луѓе.

 

Би можело да ве интересира:

Шик есенски аутфити ако немате идеја како да се облечете во преодниот период (фото) Кафеави и сиви тонови, слоевито облекување, долги блејзери врз широки панталони ...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Македонки и Србинки се приклучија на виралниот тренд – жолта ќеса за ѓубре како Balenciaga чанта од ... Откако на филмски фестивал актерка се појави со обична ќеса што сите мислеа дека...
Нашата Моника Коцарева одржа ревија на Модната недела во Париз - Аристократски хотел, модно усогласе... Ревијата на нашата дизајнерка Моника Коцарева се одржа во хотелот Le Marois, чиј...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Александар Тарабунов - впечатлив, дамите во корсети и класични модели: Што облекоа гостите на Моден ... Сања Савеска и Марјана Станојковска се решија за класика - црни фустани, Агнеса ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg