Италијанки vs. Јапонки - кои дами имаат пософистициран моден стил? (фото)

Црн капут, кратки панталончиња, бунда од еко-крзно - стилистка направи споредба помеѓу модниот стил на жените од Јапонија и Италија и откри, кои дами, според неа, се пософистицирани.

koj-izgleda-posofisticirano-italijankite-ili-japonkite-spored-stilistka-01.jpg

Руската стилистка Наташа Соломеникова, скоро 10 години им помага на жени да си купат облека за некоја пригода или ги советува како да комбинираат некои парчиња за кои не се сигурни како би им стоеле.

Таа вели дека модата отсекогаш ја интересирала, особено начинот на кој се облекуваат жените во Италија и во Јапонија.

Токму затоа, таа направи споредба на 6 различни парчиња облека кои ги носат и едните и другите и го даде својот „суд“ за тоа кои дами се пософистицирани - дискретните Јапонки или веселите Италијанки.

Нејзината листа и парчињата облека кои ги споредува кај двете нации - во продолжение:

Џемпер со копчиња

„Јапонките обожаваат џемпери со копчиња. Ги носат врз блуза или кошула наместо јакна, бидејќи се меки, а истовремено топлат, но можат да делуваат и многу стилски. И ги комбинираат со скоро секоја гардероба.

Италијанките, пак, џемперот повеќе го носат како „среден слој“ помеѓу блузата и јакната/палтото/капутот.

Мојот глас оди кај Јапонките“.

koj-izgleda-posofisticirano-italijankite-ili-japonkite-spored-stilistka-02.jpg

Црн капут

„Скоро и да не постои жена во светот која не поседува црн капут. Додека правев споредба на Италијанките и Јапонките и како тие го носат (а за таа цел прегледав стотина модни Инстаграм профили на жени од двете нации сфатив дека одлично им прилега и на едните и на другите.

Најголемата разлика е што Јапонките преферираат широки модели под кои ќе може да носат дебели парчиња облека, а Италијанките повеќе сакаат струкирани модели под кои ќе се гледа нивната стилска комбинација.

Мојот глас овој пат е за Италијанките“.

koj-izgleda-posofisticirano-italijankite-ili-japonkite-spored-stilistka-07.jpg

Кратки бунди од еко-крзно

„И во двете земји климата дозволува носење бунди, а меѓу младите особено популарни се оние од еко-крзно.

Јапонките ги комбинираат и со спортска гардероба и делуваат лежерно, додека Италијанките скоро секогаш одат на постилска опција - високи потпетици, модерни чанти како дополнителни модни додатоци.

Во овој случај, мојот глас е за Јапонките“.

koj-izgleda-posofisticirano-italijankite-ili-japonkite-spored-stilistka-06.jpg

Уште 3 споредби на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè) Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој. ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg