Италијанки vs. Јапонки - кои дами имаат пософистициран моден стил? (фото)

Долга кожена јакна

„Не многу жени избираат долги кожени јакни во вид на палто, но и Јапонките и Италијанките ги носат, и тоа со многу стил.

Во Јапонија тие најчесто се комбинираат со фармерки со висок струк и едноставни блузи, додека Италијанките преферираат посмели комбинации - необични здолништа, впечатливи чевли и слично.

Мојот глас оди кај Италијанките“.

koj-izgleda-posofisticirano-italijankite-ili-japonkite-spored-stilistka-05.jpg

Кратки панталони

„Забележав дека девојките во двете земји често носат кратки панталончиња. Јапонките обично избираат пошироки и малку подолги модели, за разлика од Италијанките.

Јапонките ги комбинираат овие панталочниња со ролки, волуменозни јакни и чизми до под колена.

Италијанките, пак, секогаш избираат тесни и многу кратки модели, а наместо блуза, носат кошула. И тие знаат да ги искомбинираат со чизми, но тие се над колена.

Мојот глас оди кај Италијанките“.

koj-izgleda-posofisticirano-italijankite-ili-japonkite-spored-stilistka-04.jpg

Кратко палто со копчиња

„Жените од двете нации често знаат својата модна комбинација да ја дополнат со кратко палто со копчиња.

Јапонките најчесто комбинираат ваков топ на палто со здолништа, а Италијанките со фармерки.

И двете комбинации изгледаат интересно и софистицирано, па затоа мојот глас оди по половина кај жените од двете нации“.

koj-izgleda-posofisticirano-italijankite-ili-japonkite-spored-stilistka-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè) Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој. ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg