Заблуди за убавината

zabluda-za-ubavinata-povekjeПостојат безброј различни начини за негување на телото. Некои ни се чинат дека се универзални, но често тоа може да биде заблуда. Проверете дел од нив:

 

Заблуда: Сапунот е одлично средство за миење на кожата

Точно е дека сапунот најдобро ја чисти кожата. Имате чувство дека кожата ви е како “гума“, а прстот само што не “чкрипи“ кога поминувате по површината. Но, по сапунот вашата коѓа е незаштитена се додека не се обнови zabluda-za-ubavinata1природната рамнотежа на површинскиот слој.

Најсигурен начин за чистење сепак се млекото, кремата или гелот за чистење. ВО последно време може да се најде и сапун кој ја негува кожата, но сепак бидете внимателни со нив.

Заблуда: Шампонот го губи влијанието ако косата се навикне на него

Шампонот ја отстранува маснотијата на косата, остатоците од производите за стилизирање и сл., баш како и сапунот кој ја чисти кожата.

Регенераторот, пак, ја храни и хидратизира т.е. ја прави сјајна. Некои шампони содржат состојки кои одржуваат влажност на косата и даваат “мокар изглед“ кој остава впечаток на масна коса, иако штотуку сте ја измиле.

Заблудата дека шампонот ги губи својствата ако косата се навикне на него, потекнува токму заради ова. Многу е важно убаво да се отстранат и шампонот и регенераторот по миењето.

Заблуда: Кремата со фактор 30 нуди дупло поголема заштита од онаа со фактор 15

Во реалноста SPF 30  нуди само 4% поголема заштита од онаа со SPF 15. Клучот на добрата заштита е во нанесување дебел слој, избегнување на сонцето од 11 до 16 часот и постојано обновување на слојот крема.

Се препорачува нанесување на секој 2 часа, половина час пред излегување на сонце. Посебно нежни делови и секогаш изложени на сонце - уши, нос, рамена.

Заблуда: Пократок сон, поголеми подочници

Најчест извор на подочниците се проширените капилари кои се забележуваат преку тенката кожа. Затоа и заслугата е со генетичко потекло. Темните подочници можат да бидат исто така резултат на сезонска алергија, слаба циркулација, премногу сол во храната или да укажуваат на некоја болест.

Сонот е поврзан со подочниците само затоа што додека спиеме циркулацијата се забрзува, а со тоа се исфрлаат штетните материи.

За да ги намалите подочниците обидете се со внесување доволна количина на течности, витамин Ц, избегнувајте задимени простории и преголемо заморување на очите. Исто така, се препорачува пиење чај од коприва.

Би можело да ве интересира:

8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широ...
Даниела Димитрова е наша модна докторка со дамски, префинет стил и страст за патувања (фото) Д-р Даниела Димитрова е позната по доброто чувство за естетика, а нејзиниот дамс...
Мексиканска убавица е новата Мис Универзум – се борела со АДХД, беше понижена на изборот Од детство со булинг заради борбата со дислексија и АДХД кога врсниците ја исмев...
Хајди Клум како статуа, премногу разголени тела - Најлошо облечените ѕвезди на Мет гала 2026 На листата најлошо облечени на Мет гала 2026 се и сестрите Кардашијан-Џенер, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg