Пет производи за убавина кои ги користиме погрешно

Погрешното користење на препаратите за нега е штетно, без оглед на тоа колку сте ги платиле или колку се квалитетни.

pet-proizvodi-za-ubavina-koi-gi-koristime-pogresno-01

Пеглата за коса може да ви наштети повеќе отколку што може да ви помогне. Нејзината неправилна употреба доведува до трајно уништување на косата, се додека целосно не се обнови. Кога ќе забележите дека при пеглањето на вашата коса, таа испарува, време е да ја намалите температурата или пак убаво да ја досушите косата, па потоа нежно да ја поминете со пегла.

Четката за коса и помага на косата да изгледа уредно и сјајно, само ако ја користите правилно. Чешлајте ја исклучиво кога е сува. Доколку морате, за мократа коса користете редок чешел наместо четка. Секако, четките за фенирање се правиот избор доколку сакате да ја расчешлате полумократа коса.

pet-proizvodi-za-ubavina-koi-gi-koristime-pogresno-2

Шампонот е на прв изглед многу едноставен за користење, но речиси сите го користат погрешно. Косата пред нанесувањето на шампон мора да биде целосно мокра. Исто така многу е важно да посветите повеќе време на темето, отколку на врвовите на косата.

Фенот за коса може многу лесно да ја исуши косата, ако го држите премногу блиску. Подобро е да ја сушите подолго, отколку за пократко време, а на висока температура и поголема близина.

Лосионот за чистење на лице е наменет за нанесување на чисто лице. Тој не се користи за отстранување на шминката, туку за мртвите клетки кои се таложат на кожата. Тој е припрема на кожата за кремата, додека за вадење на шминката постојат благи сапуни или шампони за таа намена.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg