За вљубениците во Convers старките

Вљубениците во модата кои се спремни да одат до крајност, време е да се откажете од високите потпетици и да ги замените со Конверс старките чија мода никогаш не поминува.

istorijata-na-converse-starkite-01

Разбираме, потпетиците се елегантни и ја истакнуваат женската убавина, но старките се поудобни и навистина можете и во нив да го искажете уникатниот секојдневен стил.

Историјата на Конверс старките

Конверс како бренд е присутен на пазарот повеќе од еден век и е бренд кој речиси секој сака да го носи, без оглед на возраста, полот или стилот.

Во 1908 година Конверс дојде до оригинална идеја, бидејќи гумени патики дотогаш никаде не беа видени. Тогаш младата и неразвиена компанија започна да ја поддржува кошарката, како еден исто така млад и неразвиен спорт.

Во 1918 година, Конверс започна соработка со тогашниот врвен кошаркар Чак Тејлор. Неговата техника за продажба е една од најпознатите до ден денес, а таа беше токму искористена за гумените старки. Овие патики се одлични за кошаркарите заради високото платно кое го имаа и го штитеа глуждот на ногата, кој најчесто страдаше во овој спорт. Барем тоа беше рекламата на Чак Тејлор. Во периодот од 1958 до 1968 старките беа достапни во многу бои и шари.

istorijata-na-converse-starkite-02

Денес, многумина може и да не знаат кој е Чак Тејлор, но затоа сигурно сите го препознаваат моделот на патика наречен Конверс старка.

Откако производството на Конверс се пресели од САД во Виетнам, доживеа навистина неуспешни неколку години, до 2001та година. Истата година, Конверс беше откупен од страна на силен бренд кој не се обиде да им го смени ниту логото, ниту името, па така Конверс се здоби со 7мото место во производство на обувки.

Со текот на годините, Конверс старките се поврзувани со различни групи на луѓе, од кошаркари до панкери, рокери, скејтери и хипстери. Денес, овие патики се препознатлив знак на голем број од славните пеачи или актери кои го сочинуваат најбогатиот слој во светот.

istorijata-na-converse-starkite-03

„Најдобри приказни се оние кои не завршуваат и оние кои продолжуваат да се надоградуваат, додека другите се восхитуваат на нивната креативност, оптимизам и храброст.“

istorijata-na-converse-starkite-04

Би можело да ве интересира:

Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...
Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките? Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg