Што да облечете на интервју за работа?

И покрај тоа што има други важни нешта кои мора да ги поседувате на интервјуто за работа, сепак соодветната облека е нешто што многу помага. Секогаш средената коса и испегланата облека само ќе ви помогне.

sto-da-oblecete-na-intervju-za-rabota-01

Би било глупаво да се појавите како да одите на кафе со пријателката. Обидете се да постигнете беспрекорен изгледа за неколку минути.

Удобност

Не е лошо индиректно да се распрашате каков дрес код се практикува во фирмата каде што одите на разговор. Во фирмите кои се врзани со економијата и правото најчесто се практикува класичниот изглед – црно здолниште, црни панталони со висок струк, бела кошула, елегантни потпетици и чанта со средна големина.

Креативните фирми кои се бават со маркетинг, музика или дизајн најчесто се одликуваат со лежерен стил и удобноста е во преден план. Доколку сте решени да работите во модната индустрија, тогаш задолжително мора да покажете дека имате чувство за стил и моменталните трендови.

Сепак, најважно е она што го носите да го чувствувате пријатно и да ви биде удобно.

sto-da-oblecete-na-intervju-za-rabota-1

Пристојност

Превисоките потпетици, прекратките здолништа, откопчаните кошули, упадливите бои и патиките се нешто што никогаш не смеете да го облечете на интервју, ниту пак во текот на работното време.

Освен тоа, внимавајте на шминката и фризурата. Во овој случај важи правилото помалку е повеќе, па затоа обидете се да изгледате средено со малку пудра, руменило и истакнати трепки. Што се однесува до косата, практикувајте ја пуштената пеглана коса или пак едноставното високо репче.

sto-da-oblecete-na-intervju-za-rabota-2

Неупадливост

Често забораваме на ситниците како што се накитот, ноктите, парфемот или бојата на хулахопки. Обидете се да го избегнувате впечатливиот накит исто како и ноктите во силни бои. Ако се облечете минималистички, во неутрални нијанси никогаш нема да погрешите!

sto-da-oblecete-na-intervju-za-rabota-3

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава