Како да ги комбинирате боите кои на прв поглед делуваат неспоиво?

Некогаш се водело сметка за тоа боите на гардеробата и детаљите строго да се вклопуваат. Време е да се опуштите и да научите што е и како се применува таканаречениот „колорблокинг“ односно спојување на парчиња со јаки бои. Во тренд се комбинации кои до скоро важеа за наеспоиви.

kako-da-gi-kombinirate-boite-koi-na-prv-pogled-deluvaat-nespoivo-1

Што е колорблокинг?

Можете, да речеме, да комбинирате една боја со две различни нијанси од друга боја, или можете да одите со посмела опција и да пробате со три или повеќе нијанси. Всушност, тоа е она што ги мачи и мажите и жените кои навикнале на монотони комбинации – како да се знае кои комбинации на бои се согласуваат?

kako-da-gi-kombinirate-boite-koi-na-prv-pogled-deluvaat-nespoivo-2

Основата е круг

Најлесното решение е да го следите правилото на „кругот на боите“. На пример, црвената најдобро изгледа кога ќе се спои со портокалова или виолетова (може и со розова), жолтата најдобро се сложува со светло зелената или бојата на сенф, додека тиркизната најдобро се вклопува со сината или зелената. Прво почнете со основните бои, односно боите изведени од основните бои: зелената, виолетовата и портокаловата.

Избегнете остри контрасти

Главното правило на колорблокингот е да се избегнат остри контрасти. Спарените бои сепак мора да останат во една рамка. Јаките бои одат со јаки додека мирните креираат одлична комбинација со мирни бои. Поради тоа, розовата одлично изгледа во комбинација со портокалова, додека таа иста розова боја никако не се вклопува со светло зелената.

Уште неколку трикови за комбинирање

- Розовата лесно може да ја замени црвената

- Важно е да се држи истата сатурација на бои: неон боите се сложуваат со неон, а пастелните со пастелни тонови.

- Играјте со три бои во еден аутфит – четвртата е премногу.

- Обрнете внимание на тенот и бојата на косата. На пример, кобалт сината и овошно зелената го губат својот ефект кога за „подлога“ имаат светол тен и плава коса.

Би можело да ве интересира:

Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
6 тренди комбинации за жени - може да ги носите во секоја пригода во пролет 2026 Без оглед дали се подготвувате за на концерт, гостинка сте на матурска прослава,...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
5 пролетни комбинации на бои кои изгледаат луксузно и стилски (фото) Небесно сина со бордо или маслинеста зелена со беж – комбинации на бои со кои ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg