Како се носи туш за очи оваа сезона

Црниот туш за очи е еден од најактуелните трендови за оваа пролет. Ултра модерен е секој тип на нанесување, од тенката, прецизна линија над горните трепки која ги прати контурите на окото, па сè до извлечена долга, мачкина линија вон рабовите на окото. Исто така, тренд остануваат и заматените нијанси на црно и сиво, познати како изглед на “мачкино око”.

kako-se-nosi-ajlajner-ovaa-sezona-1

Тушот за очи можете да го носите и како дневна комбинација, но и како вечерен изглед. Оваа пролет секоја девојка треба да има туш за очи со кој ќе може да го постигне овој модерен изглед. Ви предлагаме неколку начини на нанесување на туш за очи од модните ревии на големите модни дизајнери.

Dolce & Gabbana Pat McGrath за ревијата на Dolce & Gabbana креираше многу нежен изглед со нанесување на многу тенка линија над горната линија на трепките и со нејзино извлекување кон слепоочниците. Целото лице на моделите има многу малку шминка, природно руменило и безбоен сјај за усни.

Chanel – тушот за очи на оваа ревија беше истакнат во полн сјај. Peter Philips го врами окото на моделите со црн, интензивен туш за очи кој е нежно извлечен кон страните на горните капаци. Потоа ги нагласи очите со интензивни сребрени сенки се до веѓите и малку под очите. Трепките се со интензивен изглед од неколку слоеви маскара, а образите и усните остануваат неутрални.

Thierry Mugler – интензивен ретро изглед, постигнат со туш за очи и сенка. Тушот за очи е нанесен во дебела линија над горниот капак и нагласено извлечен кон слепоочниците. Под очите е нанесена црна сенка, која е размачкана за очите го добијат оној “smokey” изглед. Остатокот од лицето е буквално со природен, речиси без шминка.

Louis Vuitton – Црниоттуш за очи овде е искомбиниран со нежна сенка со боја на праска. Ова е навистина свеж и нежен изглед кој може да се носи и преку ден и во вечерните часови и го дава оној интересен “мокар” изглед. Изгледот можете да го постигнете со комбинација на мат сенки и оние во бои како розева, жолта, портокалова...

Marc Jacobs – инспириран од ’60-тите тој му дава навистина важна улога на црниот туш за очи. Го нанесува над горните трепки, кон надворешните агли на окото и од средината на долните трепки кон слепоочниците. Црната сенка е нанесена онаму каде очниот капак природно се преклопува. Изгледот го завршува така што ги нагласува и веѓите, а остатокот од лицето го остава ненашминкан.

Jean Paul Gaultier – шминкерот Lloyd Simmonds создаде драматичен изглед, комбинирајќи црн туш за очи со интензивна сребрена сенка. Комбинација на “мачкини” и “smokey” очи. Трепките и веѓите се многу нагласени, а остатокот од лицето неутрално нашминкан.

kako-se-nosi-ajlajner-ovaa-sezona-2

kako-se-nosi-ajlajner-ovaa-sezona-3

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
18 есенски комбинации за жени над 50, со кои секогаш ќе изгледате тренди (фото) Тоа што веќе не сте во своите 20-ти или 30-ти години не значи дека треба да забо...
Шест впечатливи комбинации на бои идеални за пролетни аутфити Пудра розова и боја на песок, но и небесно сина во комбинација со путер жолта – ...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава