Пет модни трикови кои ќе ве направат послаби

Само ако доволно добро го познавате своето тело ќе успеете да ги прикриете своите мани, а да ги откриете своите совршено обликувани делови. Доколку патите од вишок килограми, прешироки колкови или пак широки раменици - и за тоа има решение!

pet-modni-trikovi-koi-ke-ve-napravat-poslabi-01

Еве како наједноставно можете да постигнете совршен изглед.

1. Носете црвено – Без оглед дали се работи за кармин, накит или пак парче облека, црвената боја секогаш ни буди сензуални чувства кои не тераат да се чувствуваме привлечно. Најдобро е да ја носите на оној дел кој сакате да го истакнете, а со самото тоа одлично ќе ги прикриете деловите кои не ви се омилени.

2. Ставете ремен – Ременот или појасот ќе ви помогне да ја обликувате својата фигура. Зависно од тоа дали сакате да го прикриете или истакнете струкот, одберете различна дебелина на појас. Широкиот е одличен начин да го прикриете, а тенките стегнати ремени се одлични за да го истакнете.

3. Модните додатоци ја поправаат сликата – Од чевли, до чанти, накит или очила за сонце – што и да одберете имате голем број начини како да го истакнете она што го сакате или пак да ги сокриете проблематичните делови. Носете голема чанта за да ги одвлечете погледите од широките колкови, прикријте го овалното лице со мачкести очила или пак со високи потпетици издолжете ги вашите нозе.

4. Носете облека која ја обликува вашата фигура – Нема потреба да ги криете вишокот килограми во широка облека, бидејќи тоа ќе има спротивен ефект. Носете здолништа со средна должина, не премногу широки, носете струкирани сакоа и покрај тоа што сметате дека немате тенок струк, како и хеланки или хулахопки кои ќе ги издолжат нозете.

5. Штикли со боја на кожа – Доколку мислите дека ниту едни потпетици не ви одговараат, испробајте ги средно високите чевли со боја најблиска до вашата кожа. На тој начин визуелно ќе ги издолжите нозете и ќе го одвлечете вниманието од преголемите гради или раменици.

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава