Како да ги комбинирате неонските бои

Минатата година неонските бои доживеаа огромен успех во модниот свет. На модната писта, но и на улиците парчињата облека блескаа во дречливите тонови. Добрата вест е  што и оваа пролет ќе гледаме многу весели бои и шари кои одлично ќе ви прилегаат во секој дел од денот.

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-001

Доколку сè уште не знаете како да ги искомбинирате силно розовите или зелени парчиња облека, ви нудиме неколку идеи.

Неонски и неутрални нијанси

Неутралните бои одлично ќе ја смират комбинацијата и ќе и дадат малку нежност. Оваа сезона на кремастата или бела боја додајте и неонски детали за да направите шик модерна комбинација.

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-02

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-03
Неонски принт

Не плашете се да експериментирате. Дизајнерите за оваа сезона сосема неочекувано започнаа да го комбинираат анимал принтот со неонски бои. Овој тренд практикувајте го исклучиво доколку имате многу голема храброст и самодоверба за она што го носите.

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-04

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-05
Неонски бои во црно-бела комбинација

Црно бела комбинацијата одлично изгледа во комбинација со неколку неонски парчиња облека кои одлично ќе се надополнат со едноставноста на црно белите пруги,точки или коцки.

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-06

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-07
Неонски колор блокинг

Како и минатата сезона, вашата колор блокинг комбинација можете да ја обоите во неонски бои. На овој начин одлично ќе го истакнете вашиот бронзен тен кој е апсолутен летен хит.

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-08

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-09
Неонски цветови

Овие години избегнувајте ги неутралните цветни дезени, а сè повеќе практикувајте ги впечатливите неонски цветови кои блескаат и во ноќта. Наш предлог се романтични цветови кои смело ќе ги искомбинирате со аксесоари во други бои.

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-10

kako-da-gi-kombinirate-neonskite-boi-11

Би можело да ве интересира:

„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“ „Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
5 пролетни комбинации на бои кои изгледаат луксузно и стилски (фото) Небесно сина со бордо или маслинеста зелена со беж – комбинации на бои со кои ов...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава