Како да изгледате одлично кога носите превисоки потпетици?

Ако и вие сте од оној тип на жени кои не можат да се одвојат од потпетиците високи над 10 сантиметри, а сепак сте загрижени за здравјето и изгледот, следете ги овие неколку совети кои ќе ја подобрат состојбата од која се плашите.

kako-da-izgledate-odlicno-koga-nosite-previsoki-potpetici-01

Без оглед на тоа дали признавате или не, потпетиците се единствено решение доколку сакате да ги издолжите нозете. Но, свесни сте и исплашени од негативните последици?

Овие 6 совети секогаш имајте ги на ум за да создадете рамнотежа помеѓу доброто здравје и неодоливиот изглед.

1. Вашето стапало секогаш треба лесно да влезе во чевлите. Носењето на преголеми или премали чевли подолго време може да предизвика поголеми проблеми отколку што некогаш сте замислувале.

2. Стапалата понекогаш потекуваат, па затоа новите чевли секогаш разнесете ги низ дома, а кога ќе дојде времето да ги носите цела вечер, секогаш комбинирајте ги со хулахопки.

3. Набавете силиконски влошки за додатна удобност и поцврсто држење.

4. Изгребете го долниот дел од чевлите доколку се премногу лизгави. Не би сакале уште на првото носење да го шинете глуждот или да ја свиткате ногата.

5. Повремено истегнувајте ги листовите на нозете, што почесто тоа подобро.

6. Кога е потопло носете чевли со отворени прсти кои ќе го намалат притисокот кој го трпат вашите прсти.

Ова видео ќе ви биде од голема помош доколку сакате правилно да ги искомбинирате убавината и рамнотежата на високите потпетици.

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
5 совети за да изберете модерен, а не застарен мантил за есен 2025, според стилистите Избегнувајте тесни мантили припиени до телото, но и модели над колено. Кои типов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава