Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Убавината на витканата коса

Ако сте една од оние среќници кои имаат виткана коса, знаете дека таа е еден од доказите дека не можете сè во животот да држите под контрола. Најважно за ваквата коса да изгледа убаво и уредно е начинот на кој ја негувате и обликувате.

ubavinata-na-vitkanata-kosa-4

Витканата и брановидна коса може да изгледа моќно и заводливо и може да се носи на многу начини. Погледнете како ја носат познатите ѕвезди својата виткана коса и инспирирајте се.

Halle Berry: како и успева секогаш да изгледа толку младолико, елегантно и разиграно? Баш заради кратката фризура, која стана нејзин заштитен знак. И ретко кој може да носи таква фризура како што тоа го прави таа. Ако имате кратка, брановидна коса најдобро ќе ја обликувате со препарат кој ќе ја навлажнува, зацврстува, а истовремено ќе и дава сјај.

ubavinata-na-vitkanata-kosa-2

Beyonce: нејзината дива, виткана коса и дава изглед на опуштеност. Ако имате ваква коса најважно е да се потрудите таа да не биде пресува, а локните недефинирани. За ваква коса постојат маски кои ги обликуваат локните, како и пена која ќе и даде волумен.

Blake Lively: некои жени кои имаат природно виткана коса, имаат навика да ја исправуваат. Но, не правете го тоа. Витканата коса е секогаш во мода. Наместо да ја исправувате и оштетувате ви советуваме да одберете соодветен шампон кој ќе ги обликува  вашите кадрици и ќе им даде живост.

ubavinata-na-vitkanata-kosa-1

Vanessa Hudgens: брановидната боб фризура е нејзин полн погодок. Оваа фризура е совршена ако вашата коса е со природни, благи бранови. Оваа фризура се одржува со нанесување малку лак за коса, веднаш по сушењето. Оваа фризура е одлична за свечени пригоди.

Taylor Swift и Kate Hudson: овие две убавици немаат природно виткана коса, но обожаваат својот изглед да го освежуваат со нежни бранови. Нанесете средство кое ќе ја заштити вашата коса од топлина, па потоа со големо фигаро извиткајте крупни локни. На крај, расчешлајте ја косата со прсти и спремни сте за секоја пригода.

ubavinata-na-vitkanata-kosa-3

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Калтрина како Барби, мажите со храбри избори: Што облекоа гостите на Моден викенд Скопје? Од елеганцијата на фотографот Мартин Трајановски до црно-белата доминација со фо...
Мајка и ќерка (6) од Охрид се облекуваат во тон и имаат кул моден стил „Уште кога останав бремена знаев дека ќе имам ‘matching’ комбинации со моето дет...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
9 познати дами кои секогаш се како во униформа (за да не направат модна грешка) Кејт Бекинсејл секогаш носи комбинација на шорцеви + здолниште или наметка, Ема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg