Како да се ослободите од акните?

Непријатното изненадување кое знае да ви го приреди некоја акна која ви се појавила во текот на ноќта, навистина знае да биде иритирачко искуство. Но, постои решение кое може да ви помогне да се ослободите од овие досадни непријатели на вашата кожа една за секогаш.

kako-da-se-oslobodite-od-aknite-1

Правете благ пилинг на кожата

Пилинг на кожата на лицето е потребно да правите бар еднаш неделно. На тој начин ќе ги отстраните нечистотиите и изумрените клетки на вашето лице и ќе и дозволите на вашата кожа да дише. Пилингот никако не смее да биде груб, за да не го оштети и површинскиот слој на кожата.

Одржувајте хигиена на лицето

Ако сте склони кон создавање митисери и акни, препорачливо е да го миете лицето по неколку пати на ден, особено пред спиење. Мијте се со благи, неутрални средства во комбинација со ладна вода. Не го допирајте лицето со раце, бидејќи многу лесно ќе ги проширите бактериите од рацете на чувствителната кожа на лицето.

Не ги допирајте акните

Кога веќе акната се појавила копање, стискање и гребење се најлошата идеја која може да ви падне на памет. Подобро ништо не пипкајте или обратете се кај козметичар. Ако пробате сами да го решите проблемот, можно е да направите воспалување на местото и да ви остане лузна.

Тргнете ја косата од лицето

Косата често знае да биде главен виновник за некоја нова акна, бидејќи на нејзе се задржуваат многу маснотии и нечистотии. Ако имате шишки мијте ги почесто или бришете го челото со тоник и влажно марамче.

Менувајте ја постелнината и пешкирите почесто

Нечистотиите од косата во текот на ноќта лесно се пренсуваат на перницата, а ти лесно се пренесуваат на кожата од лицето.

Домашни третмани за прва помош

Намачкајте ги акните со малку сок од лимон, оставете да се исуши па исплакнете со вода.

Помешајте сода бикарбона и малку вода за да добиете паста. Намачкајте ги критичните зони, оставете да делува околу 15 минути и исплакнете.

Во еден лонец провријте вода и малку сол и држете го лицето врз пареата. По тоа направете благ пилинг.

Нахранете ја кожата со некоја природна маска која претходно сте ја направиле.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg