Супер лесни маски за лице

Одржувањето на чиста и здрава кожа може да биде вистински предизвик. Затоа решивме да ви го олесниме одржувањето на кожата со предлог маски кои се целосно природни и можете да ги направите сами со состојки кои се лесно достапни во вашите фрижидери.

super-lesni-maski-za-lice-01.jpg

Секако, прво и основно правило е да пиете многу вода и да ставате крема за хидратација.

Мед - Употребете мек пешкир и млака вода за да ги отворите порите на лицето. Размачкајте го медот на кожата и оставете го 15 до 30 минути. Измијте го лицето со топла вода и исушете го со мек пешкир и ладна вода за да ги затворите порите.

Жолчка од јајце - Размачкајте ја на лицето и вратот и оставете да делува 30 минути. Измијте се со ладна вода.

Белка од јајце - Изматете ја белката додека не стане пенеста и нанесете ја на лицето. Почекајте додека се исуши и измијте ја со топла вода.

Грозје - Исечете зрно грозје на половина и истријте го преку целото лице.

Банана - Изгмечете една презреана банана и размачкајте ја на лицето. Измијте го лицето по 15 до 20 минути, со топла вода.

Јогурт - Нанесете го на лицето откако детално ќе го исчистите и оставете го да дејствува 15 до 20 минути.

Јаболков оцет - Разводнете го оцетот со вода и нанесете го на лицето со памук како тонер, по миење на лицето секој ден и секоја вечер.

Маслиново масло - Намачкајте на усните (ако ви се испукани) пред да си легнете или намачкајте го лицето преку ноќ.

Сода бикарбона - Употребете ја како ексфолијант за лице и додадете ја во редовниот “чистач” за лице.

Млеко - Да, млеко. Размачкајте го на лицето со памук, оставете да се зацврсне. Измијте се со топла вода. По ова кожата ќе ви биде супер мека.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg