Очила за сонце по ваша мерка

Очилата за сонце се неизоставен детал во топлите денови. Наместо по секоја цена да ги следите трендовите, подобро е да ги одберете според вашето лице.

ocila-za-sonce-po-vasa-merka

Пред да отидете во шопинг проверете каква рамка ви одговара, но квалитетот нека ви биде на прво место, бидејќи лошите очила може да ви го оштетат видот.

ocila-za-sonce-po-vasa-merka-1

Облик на срце
Срцестиот облик значи дека имате широко чело, а мала шпицеста брада. Потребно е да го одвлечете вниманието од горниот дел од лицето кој е нагласен, па затоа избегнувајте впечатливи рамки. Нема да ви прилегаат ни очила со големо растојание помеѓу стаклата. Класичните „авијатичарки“ се сигурен избор.

ocila-za-sonce-po-vasa-merka-2

Квадратен облик
Обликот на очила треба да биде во контраст со обликот на вашето лице за визуелно да ги ублажите грубите црти на челото и вилицата. На квадратниот облик на лицето му прилегаат очила со заоблени или тркалезни стакла. Слободно можете да одберете модел со интересни детали.

ocila-za-sonce-po-vasa-merka-3

Овален облик
На среќниците со ваков облик на лицето им прилегаат речиси сите модели на очила. Искористете ја оваа предност за да експериментирате и во пресрет на летото одберете си очила со мачкаст облик или „ленонки“ со впечатлива боја. Ако сакате големи стакла, дури и со нив нема да изгледате смешно.

ocila-za-sonce-po-vasa-merka-4

Тркалезен облик
Спротивно на правилото кое што важи за луѓето со квадратен облик, вие треба да одберете рамка со остри рабови. Идеален избор се очила со нагласен горен дел од рамката или оние чија рамка се прелева од потемна во посветла боја.
ocila-za-sonce-po-vasa-merka-5 Долгнавест облик
Избегнувајте претенки рамки и рачки кои ви влегуваат во слепоочниците. Вам ви требаат широки очила кои ќе го одвлечат вниманието од долгнавестото лице. Ако имате поголем нос, испробајте квадратни или испакнати стакла, како и рамки во облик на пеперутка.

 

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со... Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
Ирена Спировска во елегантна тоалета, Благица Павловска во светкав фустан - Што носеа учесниците на ... Водителката Ирена Спировска носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Мари...
6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025 Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или са...
14 одлични идеи како да носите боб-фризура во есен 2025 Ако сте подготвени за промена на фризурата - вистинскиот избор оваа есен ќе биде...
Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа) Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзувањ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg