Тренди летни аутфити со панталони (ако не сте фан на фустани и здолништа)
Панталони со риги и бела кроп топ маичка или широки панталони и блуза на врзување – што да облечете летово, а да не е фустан или здолниште?

За повеќето девојки и жени, летото е сезона на фустани и здолништа.
Но, ако не сте голем фан на овие парчиња или само сакате да облечете и нешто друго освен фустан или здолниште, има безброј опции и со панталони.
Важно е панталоните да бидат од полесен материјал и нема да се „сварите“ во нив кога надвор е над 30 степени Целзиусови.
Шест тренди предлози за летни комбинации со панталони:
Ленени панталони и блуза со прерамки
Белите ленени панталони и блуза со рамки е класика за летните денови.
Можете да ја дополните комбинацијата со минималистички златен накит и мала чанта.
Ако облечете поелегантна блуза, ова ќе ви биде идеална комбинација и за посвечена пригода.

Панталони со риги и бела кроп топ маичка
Ригите се огромен хит летово, а панталоните со овој дезен изгледаат одлично со бели маички. Облечете и патики и имате идеална комбинација за лето.

Бели фармерки и кошула со риги
Ако во лето носите фармерки, дајте им предност на белите модели кои, пак, изгледаат одлично со кошула со риги.

Широки панталони и блуза на врзување
Удобна бохо комбинација која е идеална за дневни излегувања. Изгледа одлично со влечки или сандали.

Капри панталони и маичка без прерамки
Кога е многу жешко, маичките без прерамки, кои се како корсет, се идеални. Притоа, изгледаат навистина добро со капри панталони.

Широки фармерки и маичка без прерамки
Овие маички можете да ги комбинирате и со фармерки, а за лето широките модели се мошне удобни.

Спирова С. | Црнобело
