Што не смеете да облечете на свадба?

Можеби не размислувате многу за својот стајлинг кога одите на свадба, но постојат строги правила за облекување, кои треба да се почитуваат ако сакате да оставите впечаток на околината и да се прикажете во убаво светло.

shto-ne-smeete-da-oblecete-na-svadba-4

Мажите се помалку проблематични, бидејќи никогаш не можат да погрешат со избор на одело, кошула и кравата. Но, жените често знаат да направат промашување во изгледот.

Мрачен, готски изглед

Иако овој изглед може да изгледа кул во диско или на улица, на венчавка едноставно не проаѓа. Црната облека е елегантна и дозволена, но црни нокти, кожни огрлици, метални прстени и нападна, темна сенка на очите никако не се добар избор за изглед на венчавка.

shto-ne-smeete-da-oblecete-na-svadba-3

Катастрофа во тексас

Опуштените венчавки во интимна атмосфера се сè почести, но без разлика на тоа каде е венчавката организирана, не смеете да си дозволите да се појавите во фармерки. Во оваа замка почесто паѓаат мажите кои мислат дека се елегантни само зашто ги искомбинирале фармерките со кошула. Овој изглед дава впечаток дека не доволно ги почитувате младенците.

Пренагласено деколте

Убаво, умерено деколте е совршен адут на секој женствен фустан, но деколте до папок е најневкусното нешто што може да се види на нечија венчавка. Овој моден избор изгледа вулгарен и очајнички обид да се добие внимание.

shto-ne-smeete-da-oblecete-na-svadba-2

Деловен изглед

Костим со строг крој и бела кошула се супер комбинација за на работа, но не и за венчавка. Овој тип на облека остава ладен и досаден впечаток, а станува збор за прославување на новиот живот меѓу двајца луѓе. Размислете околу тоа.

Помалку е повеќе, дури и кога е накит во прашање

Дури и ако модната комбинација е погодена, изгледот можете да го уништите ако претерате со накит. Големи обетки, во комбинација со крупен ѓердан и прстени на секој прст, ќе направат да изгледате смешно.

Неудобни чевли

Изборот на добри чевли е најважен во комбинацијата. Имајте во предвид дека ќе треба во нив да стоите неколку часа и пробајте да не облечете чевли во кои првите неколку часа ќе се нишате нестабилно, а остатокот од вечерта ќе го поминете боси.

Кич

Натапирани, „торта“ фризури, чипкасти подизлезени градници, комбинација на животински принтови, неонска шминка и слични детали ќе ви донесат титула „катастрофа на вечерта.“

shto-ne-smeete-da-oblecete-na-svadba-1

Тесно, кратко, невкусно

Мини фустанчињата и здолништата не се забранети за свадба, но морате да внимавате да не претерате. Ако веќе се решите за екстра мини здолниште нека биде со поширок крој за да не мора да го влечете цела вечер надолу. Во спротивно ќе изгледате вулгарно.

Балски фустан

Ова е добар избор за свадбен изглед, но секогаш внимавајте да не биде пораскошен од оној на невестата.

Бела боја

Белата боја е забранета за свадба, освен ако не сте невеста. Единствено таа има право да биде во бело и да го врти вниманието кон себе. Ако веќе сакате нежни бои, одлучете се за беж, розе или шампањ комбинација.

Би можело да ве интересира:

14 бон-тон правила за деловни комбинации - Ги почитувате ли? Мажите треба да знаат дека чевлите и коланот треба секогаш да се во иста боја, а...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg