Летни “направи сам” модни идеи

Ако сте љубител на овие проекти, сигурно ќе бидете воодушевени од самата помисла дека можете да направите фустан, летна чанта и нова нараквица ова лето, од материјали што веќе ги имате.

letni-napravi-sam-idei-01

Издвоивме неколку интересни идеи кои ќе ви овозможат да ги изненадите сите околу вас, но и вие самите пред сè.

Разгледајте и одлучете се за омилената...

Нова огрлица со лак за нокти - Само обојте ја старата огрлица која ја имате со силни жолти, тиркизни и корални нијанси. Користете лак за нокти кој брзо се суши.

letni-napravi-sam-idei-1


Летна чанта на преклопување
- Плик чанта која може да ја направите од обичен материјал, обложен со некоја погруба ткаенина или подебел материјал. Превиткајте ја на три дела, заврзете со марама или колан кој не го носите и имате нов аксесоар!

letni-napravi-sam-idei-2


Скројте туника
- Одберете ја најголемата марама која ја имате, преклопете ја на половина, исечете простор за главата и мали дупчиња под ракавите. Протнете тенок колан и добивате модерна туника.

letni-napravi-sam-idei-3


Разиграни потпетици
- Ако имате барем еден пар високи потпетици кои ви здодејаа затоа што немаат никаков детал, направете си сами. Додадете им неколку перли нанижани на врвка, потполно исто како на фотографијата.

letni-napravi-sam-idei-4


Летен ластик за коса
- Тенките марами кои никогаш не ги носите замотајте ги на интересен начин или направете плетенка од три различни и носете ги на глава.

letni-napravi-sam-idei-5


Макси здолниште
- Доволно ви е само едно големо парче материјал и дебел колан. Сошијте ги рабовите, врзете ластик околу струкот и сокријте го со интересен колан.

letni-napravi-sam-idei-6


Машна на балетанките
- Декорирајте ги обичните балетанки со шарена марама или парче материјал од кое ќе направите машна или цвет, по ваша желба. Можете да го залепите или да направите мало дупче за да го протнете и заврзете материјалот од внатрешната страна.

letni-napravi-sam-idei-7

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg