Миранда Кер повторно е заштитно лице на рекламната кампања на МАНГО

Австралискиот модел Миранда Кер по втор пат го претставува шпанскиот моден бренд МАНГО во рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2013.

miranda-ker-povtorno-e-zastitno-lice-na-reklamnata-kampanja-na-mango

Њујорк беше избран како локација за фото-сесијата за колекцијата есен/зима, која се одржа на почетокот на мај оваа година. Фотографи на кампањата се познатите Inez & Vinoodh.

По завршувањето на фото-сесијата Кер изјави: “Одлично си поминав за време на сликањето. Фотографите се одлични за соработка – секогаш се забавуваме кога работиме заедно. Облеката е особено интересна оваа сезона, инспирирана од панк движењето. Ми се допадна тоа што фотографите го задржаа природниот изглед на кампањата, што одлично се вклопува со карактерот на колекцијата.”

Новата колекција доаѓа со забележително панк влијание, црната боја доминира преку модните додатоци и естетиката на ова движење.

Сепак, неизбежни се и пастелните тонови, одлични за есенските денови. Таканаречениот  “износен” изглед е присутен, како и ситниот принт и жакардот. Кај моделите за вечерни излегувања забележително е влијанието на Ориентот.

Од своето создавање, МАНГО избира познати лица за своите кампањи. Модели и актерки како Кејт Мос, Изабели Фонтана, Скарлет Јохансен, Пенелопе Круз, Мила Јовович, Лиз Џегер, Каролина Куркова, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова, Клаудија Шифер, Кристи Тарлингтон и Дајан Кругер, имале можност да го претставуваат брендот.

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава