Како да го скриете стомакот без диета

Сигурно досега сте пробале многу диети и успешни и неуспешни, некои вежбаат некои не, и секогаш најголемиот проблем е да се намали или уште подобро, да се скрие стомакот.

kako-da-go-skriete-stomakot-bez-dieta-01

Изборот на соодветна облека може да ви помогне за да го скриете стомакот. Но, има уште неколку мали совети и трикови:

Избегнувајте да носите тесни маички

Доколку не можете да се откажете од  тесните или кратки маички, знајте дека тоа уште повеќе ја истакнува вашата несовршеност. Затоа ви ги предлагаме беби-дол моделите од памук или лен.

kako-da-go-skriete-stomakot-bez-dieta-1

Не носете панталони со џебови

Ѕвонарките или оние кои се тесни кај бутовите и широки кај ногавиците, не се вистинскиот избор за вас. Купете панталони со странични рабови или патенти. Панталоните со  големи џебови, исто така, не се паметен избор.

kako-da-go-skriete-stomakot-bez-dieta-2

Удобно палто

Одберете сако или елече кои не се претесни, не ве притискаат, а со тоа и не ви го истакнуваат стомакот. Ви предлагаме сакото да биде на копчиња или на врзување околу половината со што ќе го поправите визуелниот ефект.

kako-da-go-skriete-stomakot-bez-dieta-3

Внимателно избирајте материјали

Оние кои имаат проблем со килограмите треба да водат сметка при изборот на материјали од кои е направена гардеробата. Посебно треба да избегнувате полиестер и ликра, бидејќи тие се лепат на телото и го истакнуваат стомакот и другите несовршености.

kako-da-go-skriete-stomakot-bez-dieta-4

Чантата е одличен додаток

Модните додатоци како што е чантата, исто така може да помогне при прикривањето на недостатоците. Без разлика дали се работи за голема или мала торба, шал замотан околу вас или некој друг додаток, сето тоа се детали кои ќе направат да изгледате поубаво или повитко.

kako-da-go-skriete-stomakot-bez-dieta-5

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg