Практични и евтини трикови кои ќе ви помогнат во разубавувањето

Некои вообичаени козметички производи кои ги имате можете да ги користите на малку необичен начин и не само што ќе ви го спасат денот и ќе ви помогнат во разубавувањето, туку и ќе ви го заштедат буџетот.

prakticni-i-evtini-trikovi-koi-ke-vi-pomognat-vo-razubavuvanjeto-01

Регенератор наместо крема за бричење

Регенераторот за коса е со многу слична текстура како кремата за бричење. Затоа, ако случајно ви е потрошена и немате каде да купите, слободно искористете го регенераторот.

Кармин наместо руменило

Речиси на секоја жена барем еднаш и текнало на овој трик. Доколку немате руменило со вас, а сакате да ја поправите шминката, слободно со прстите намачкајте малку од црвен или розев кармин на образите и убаво размачкајте. Не ставајте премногу, само доволно за да го освежите лицето.

Маскара наместо моливче за очи

Маскарата може да биде повеќенаменска. Ако ја нанесете во подебел слој на коренот на трепките, ќе ви даде впечаток како да сте ги исцртале со моливче.

Лосион за тело наместо гел или восок за коса

Лосионот за тело може да го користите исто како гел или восок за коса, бидејќи лесно се размачкува и брзо се суши, а при тоа ви помага во обликувањето на косата. Идеален е за густа и цврста коса, но не се препорачува за тенката и слаба коса, бидејќи може брзо да ја замасти.

Масло за кутикули наместо маникир

Кога немате време да направите маникир, маслото за нега на кожичките и кутикулите околу ноктите ќе ви помогне да им дадете свеж изглед на прстите, а при тоа и да ги заштитите.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Трикови за комбинирање накит, кои ќе ви користат (со нив славните дами ги кријат недостатоците) Накитот, без разлика дали обетки, прстени или ѓердани, е одличен начин да ја над...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg