4 фризури за дождливи и ветровити денови

Секоја жена води битка со долгата, разлетанa и бушава коса кога есенските дождови ќе се претворат во секојдневие. Ветерот е уште еден додатен фактор за утринската нервоза.

4-frizuri-za-dozdlivi-i-vetroviti-denovi-01

За на работа или училиште да пристигнете со несредена фризура, обидете се да изведете барем една од овие 6 есенски фризури, создадени за тмурните и студени денови.

1. Природно виткана коса

Ако имате природно виткана коса, ова е супер време за да уживате во локните. Доволно е само да ги потсредите со малку лак или пена за коса. За девојките со права коса, најлесен начин да добијат природни локни и бранови е преспивањето со плетенки или меки виклери. Зацврснете ја фризурата со малку спреј за коса и утрото нема да биде така заплеткано како што мислевте.

4-frizuri-za-dozdlivi-i-vetroviti-denovi-1


2. Залижано, ниско опавче

Ако ви е неопходен елегантен и префинет изглед, врзете ниско опавче со добро разделен патец на средина. Замотајте еден прамен околу ластичето и зацврснете со спреј или лак за коса. За само неколку минути ќе имате уредна фризура.

4-frizuri-za-dozdlivi-i-vetroviti-denovi-2


3. Бушава пунџа

Идеален избор за лежерните, мрзеливи утра. Врзете високо репче, замотајте го во круг и зацврснете со неколку мали шноли. Супер начин да се изборите со ветровитото време и да го заштитите влакното од оштетување.

4-frizuri-za-dozdlivi-i-vetroviti-denovi-3


4. Плетенка во различни облици и форми

Есента е сезона на плетенките. Рибина коска, обична или мешавина - изборот е на вас. Дали ќе ја подигнете високо и ќе ја замазните или пак ќе одберете полежерна и бушава варијанта, повторно вие одлучувате. Плетенките се идеални доколку носите капа и шал, затоа што одлично го спречуваат електрицитетот и волуменот на косата во допир со било каква ткаенина.

4-frizuri-za-dozdlivi-i-vetroviti-denovi-4

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...

Најчитани неделава