„Bitsiani“ ја покажа вистинската машка елеганцијата на Модниот викенд во Скопје (фото)

Препознатливиот бренд кој е синоним за машката елеганција, стил и мода ги воодушеви присутните на Модниот викенд во Скопје. Вистински израз на маж кој знае храбро да ги носи комбинациите на различни бои на своите костуми.

bitsiani-ja-pokaza-vistinskata-maska-elegancija-an-modniot-vikend-vo-skopje-01

Bitsiani“ покажа што значи маж со самодоверба кој не се плаши од модните предизвици.

Силните бои на есента, особено жолтата и црвената вино-боја, со одлични модерни машки чанти, лептир-машни во различни дезени и други интересни додатоци, покажаа дека модата од светските модни писти во Њујорк, Милано, Париз може да ја сретнеме и на скопските улици.

Не изостанаа ниту класичните костуми, есенски палта и капути кои со малку променет модерен дизајн ќе му дадат вистинска модерна нота на елегантниот изглед на секој маж.

Она што се забележуваше како свежина во дизајнот, кој веројатно ќе го диктира овогодинешниот тренд и кај мажите се карираната шара со линии и точките кои ќе треба да знаете вистински да ги комбинирате за да го постигнете правилниот, одмерен и стилски впечаток.

Би можело да ве интересира:

9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...

Најчитани неделава