Што е она што никогаш нема да излезе од мода?

Постојат неколку трендови кои се секогаш во мода. Единствена разлика е во тоа што секоја деценија, нивниот изглед станува современ и се приспособува на вкусот на луѓето.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-01

Меѓутоа, основниот стил и суштината се секогаш исти. Еве некои парчиња облека кои живеат безвремено.

Малиот црн фустан

Откако Одри Хепберн и Коко Шанел го револуционизирале малиот црн фустан, тој станал парче облека кое секоја жена треба да го има во својот орман. Она што е исклучително добро за малиот црн фустан е тоа што се вклопува во сè и одговара во речиси секоја прилика.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-1


Фармерки и бела маица

Годините, големината или висината не значат ништо. Облечете бела маица или кошула со црни или сини фармерки доколку сакате да изгледате опуштено, а истовремено и убаво. Ваквата облека  ви нуди голема флексибилност. Доколку носите бела кошула и фармерки со балетанки ќе изгледате опуштено, а доколку сакате да додадете некоја марама и високи потпетици, ќе бидете подготвени за вечерно излегување.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-2


Бајкерски изглед

Ова е бесмртен изглед кој мора правилно да се користи. Не е секој способен да носи ваков стил. Тој ги вклучува кожните јакни, тесни кожни панталони и црвен кармин.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-3


Хипи изглед

Изглед како само што сте станале од кревет. Иако социјалниот контекст на овој тренд е веќе загубен, стилот останал. Јоко Оно и Шер се познатите личности кои го одржаа овој стил. Цвет во коса, туника и црн туш на очите се одлика на познатиот стил.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-4


Чизми до зглобот

Најмногу се носат во зима, кожните чизми до зглобот можат да се носат со чорапи до колена, со хеланки или со фармерки. Чизмите до колена се исто така популарни, но повеќе за високите жени.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-5


Тренерки

Најдоброто нешто кај нив е тоа што можат да ги сокријат сите неправилности на телото, а исто така се и многу удобни.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-6


„Реј бан“ очила

Ваквите очила секогаш биле во мода. Унисекс се, погодни за потесен облик на лице и можат да се најдат во нијанси на црна и кафена боја.

sto-e-ona-sto-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-7

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Сино-белата кошула на риги е моден хит за лето 2023-та И за на плажа и за лежерни пригоди и за на работа, ова парче облека летово ќе ви...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg