Машки правила за комбинирање на фармерки и сако

Во пригодите кога сака да изгледа елегантно, а лежерно, секој маж би ја одбрал комбинацијата на елегантно сако и омилените фармерки. Но, како да не направите грешка спојувајќи ги овие две неспоиви парчиња гардероба?

maski-pravila-za-kombiniranje-na-dzins-i-sako-01

Започнете со изборот на фармерки. Тие никогаш не смее да бидат светли или со излитени ногавици. Погрижете се да немаат нитни, додатни џебови и да не бидат порабени со шарен конец.

Постојат три клучни фактори при изборот на совршените машки фармерки:

1. Избирајте тесни модели. Не е неопходно тоа да биде претерано тесен модел, меѓутоа треба да ја следат линијата на вашата нога.

2. Темниот џинс е најсигурниот избор. Не експериментирајте со светло сини фармерки или џинс во боја. Плус, фармерките секогаш треба да се потемни од сакото.

3. Соодветна должина. Ако сакате да изгледате уредно и пристојно во џинс, тогаш тој мора да е како скроен за вас. Што значи, 3 пати проверете ја должината пред да ги облечете.

maski-pravila-za-kombiniranje-na-dzins-i-sako-02

Како да го одберете совршеното сако?

- Секогаш нека биде за најмалку 3 нијанси посветло од фармерките.

- Нека ги следи линиите и димензиите на вашите раце, раменици и струк.

- Сакоата изработени од зимски и груби материјали секогаш се наменети за поелегантни и официјални настани.

- Сакоата во неутрални бои се добар избор за дневните состаноци и обврски, а за вечерните свечености задржете се до темната класика.

- Кошулата може да биде дезенирана, само ако сакото е еднобојно и обратно.

- Под сакото секогаш можете да облечете елек или џемпер со V израз, ако ви е потребен.

- Додатоците како кравата или лептир машни се непотребни во комбинацијата на џинс и сако, но затоа џебните марамчиња изгледаат одлично.

maski-pravila-za-kombiniranje-na-dzins-i-sako-3

Би можело да ве интересира:

Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...

Најчитани неделава