Вежби за поубави нозе

Секојдневно чувствувате болки во нозете. По цел ден во високи потпетици, во движење, навечер во дискотеки и кафулиња и кога ќе дојде време...

 


... да легнете не сакате ништо повеќе освен  добро да си ги испружите нозете. Ви предлагаме неколку вежби за поубави и одморени нозе.

Вежби наутро

По неколку часови сон, циркулацијата во организмот е забавена, па треба да се поттикне. Овие вежби помагаат и да не дојде до задржување на течноста и отекување на нозете, посебно ако ви претстои долго стоење или седење.|

1. Застанете право, приближете ги стапалата, испружете ги рацете напред и кренете се на прсти. Останете во таа положба 5-6 секунди, потоа вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 10 пати. Со оваа вежба крвта полесно стигнува до срцето.

vezbi-za-poubavi-noze1
2. Легнете на десниот колк со десната рака под главата, колената нека бидат благо свиткани. Левата нога кревајте ја и спуштајте ја 15 пати. Префрлете се на лева страна и повторете го истото. Оваа вежба ја забрзува циркулацијата.

3. Застанете со лице кон ѕидот, на растојание од 1 метар. Пријдете кон ѕидот со една нога и потпрете ги дланките на ѕидот. Ногата која ви е позади, останала испружена, со стапало цврсто залепено на подот.

Наведнете се нанапред одбивајќи се со дланките од ѕидот, додека не почувствувате затегнување во мускулите на нозете. Останете така 10-тина секунди.

Потоа, повторете ја вежбата со другата нога. Повторете ја 3 пати. Вежбата е исклучително корисна ако во текот на денот повеќе време стоите.

Вежби пред спиење

1. Легнете на грб, со рацете зад главата, нозете подигнете ги за да го допрат ѕидот. Останете така 10 секунди, а потоа и двете нозе свиткајте ги до градите. Тоа повторете го 2 пати.

2. Испружени на грб, со нозете свиткани во колената, подигнете ја едната нога и со стапалото правете мали кругови – 10 налево, 10 надесно. Изведете го тоа и со другата нога. Оваа вежба помага да спаднат отоците на ножните зглобови, бидејќи тоа ја поттикнува крвта да тече одоздола нагоре. Посебно е корисна по носење на чевли со високи потпетици.

3. Седнете на под, свиткајте ги нозете во колената и приближете ги кон телото, што е можно поблиску. Со рацете разделете ги колената и притискајте ги настрана. Вратете се во почетната положба одбивајќи се со рацете од колената. Изведете ја вежбата 5 пати, а потоа испружете ги нозете. Вежбата ги зацврстува бутните мускули и ја поттикнува циркулацијата. Не е лесна, но корисно е да бидете упорни.

Би можело да ве интересира:

9 модни трендови кои ќе доминираат кај младите до крајот на 2025 Капри панталони, модерни спортски комбинации, тексас на тексас, животински принт...
Александар Тарабунов - впечатлив, дамите во корсети и класични модели: Што облекоа гостите на Моден ... Сања Савеска и Марјана Станојковска се решија за класика - црни фустани, Агнеса ...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Зелените нијанси се пролетен хит – како да ги комбинирате со други бои? Монохроматскиот зелен аутфит со неколку нијанси на зелена делува отмено, додека ...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg