Тејлор Свифт со приврзок на бутот, Бијонсе со смело деколте – Што облекоа познатите на Греми наградите 2025? (фото)

И бившата на Канје, Џулија Фокс, се појави по долна облека, Карди Би во фустан со пердуви кои делуваат реално, a Џеј Ло во светкаво и проѕирно здолниште со уникатен дизајн – што облекоа славните на Греми 2025?

tejlor-svift-so-privrzok-na-butot-bijonse-najhrabro-dosega-shto-oblekoa-poznatite-na-gremi-nagradite-2025-foto-01.jpg

Греми наградите се секогаш место каде се собираат најдобрите стајлинзи на познатите кои подоцна за многумина служат како инспирација, освен скандалозното голо појавување на сопругата на Канје Вест

Оваа година, забележлив беше трендот на целосно црн аутфит, кој го прифатија Мајли Сајрус, Лејди Гага, Оливиа Родриго, Џеј Балвин и многу други.

Но, ниту светките не беа изоставени од модните комбинации, па така Сабрина Карпентер воодушеви во златна тоалета, а Тејлор Свифт во краток светкав, црвен фустан со интересен додаток приврзок со нејзината буква.

Одела, волуменозни креации, мини и впечатливи фустани, висок шлиц и проѕирни материјали – што облекоа познатите на Греми 2025?

Прочитајте и Моменти што го одбележаа доделувањето на Греми 2025 + најсмешните твитови за настанот

Погледнете повеќе модни изданија во продолжение:

 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026 Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ...
Џорџо Армани 50 години го создаваше стилот на Холивуд - најубавите креации на кралот на модата на цр... Тина Тарнер, Џулија Робертс, Кејт Бланшет, Џоди Фостер, Ријана се само дел од св...
Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...

Најчитани неделава