Идеална облека: Сокријте го салото на стомакот и широките колкови

Нема девојка што не би посакала да има модерна облека која може да ги скрие најкритичните делови околу стомакот и колковите.

idealna-obleka-sokrijte-go-saloto-na-stomakot-i-sirokite-kolkovi-01

Посебно во деновите кога имате чувство дека сте се здебелиле или прејале, најдобро е да најдете облека која ќе ви даде изглед по формулата за облик на триаголник.

Горниот дел нагласете го со парче облека која добро ги истакнува рамената и е малку поголем број, а на долниот дел облечете хеланки или тесни панталони.

Во деновите кога се чувствувате подуено, широката кошула со модерен дезен може да ви заврши голема работа.

Темните хеланки ќе ви ги издолжат и истенчат нозете, а тоа визуелно ќе ве направи послаби. Слободно пуштената кошула ќе ви го скрие салото и ќе изгледате слабо, а ќе се чувствувате и удобно.

Важни парчиња кои мора да ги имате:

Кошула

Врзувањето јакна околу струкот го стеснува визуелно. Освен тоа, облеката која ја носите над јакната ќе биде набрана, па ќе ги скрие мааните како голем стомак или големи гради.

Може и еден дел од кошулата да ја ставите во панталоните за да изгледа како да имате рамен стомак.

idealna-obleka-sokrijte-go-saloto-na-stomakot-i-sirokite-kolkovi-1


Џемпер

Најдобар начин да ги сокриете широките колкови е оптичката илузија која ја овозможуваат широките џемпери. Таков ефект тешко ќе постигнете ако носите некоја тесна облека.

Препорачливо е да имате еден подолг и поширок џемпер кој ќе паѓа на вас, а во комбинација со тесни панталони ќе ви даде истенчен и модерен изглед.

idealna-obleka-sokrijte-go-saloto-na-stomakot-i-sirokite-kolkovi-3


Тесни панталони

Тесните панталони во потемни бои ги издолжуваат и истенчуваат нозете, а со тоа оставате добар визуелен впечаток, кој го привлекува вниманието на долниот дел од телото.

Во комбинација со широка горна облека, целосно се одвлекува вниманието од стомакот и колковите.

idealna-obleka-sokrijte-go-saloto-na-stomakot-i-sirokite-kolkovi-2

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...

Најчитани неделава