Направете си холивудски локни
Оваа фризура веќе неколку години е хит на црвениот тепих. Меѓу првите кои ги носела е Вероника Лејк, а на овогодинешните Оскари вакви фризури имаа холивудските убавици Кејт Хадсон и Сандра Булок. Со малку вештина оваа фризура може да си ја направите и дома.
![]()
Одличен избор е за свечени прилики како венчавки, прослави, а и за оние кои сакаат да имаат повпечатлив секојдневен изглед.
Сè што ви е потребно за ваквата фризура се фигаро, тенки шноли, лак за зацврстување и малку трпение.
Префрлете ја косата на една страна и издвојувајте прамен по прамен кој ќе го виткате на загреаното фигаро во правец од долу кон горе.
![]()
Полека одвиткувајте ги прамените, а откако ќе ја навиткате цела коса оставете ја малку да се излади.
![]()
Зачешлајте ја на едната страна и прицврстете ја со тенките шноли.
![]()
Локните полека расчешлајте ги со чешел со широки запци, но внимавајте да бидат уредни.
![]()
На крај напрскајте малку лак за зацврстување кој ќе направи да ви траат подолго.
![]()