Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За лежерен и опуштен изглед: Разбушавена плетенка во 5 чекори

Покрај вечното коњско опавче, плетенката е една од најпопуларните и најстарите фризури кои никогаш нема да излезат од мода. Но, оваа интересна фризура поминала низ бројни фази на корекции, идеи и обиди.

za-lezeren-i-opusten-izgled-razbusavena-pletenka-vo-5-cekori-01

Моментално најпопуларна е разбушавената плетенка на едната страна. Дознајте како да ја направите популарната фризура која ја гледате кај многу светски ѕвезди.

Пред сè е неопходно да имате долга коса или надградена за да може да почнете да ја плетете.

Како помагала потребни ви се:

- чешел за тапирање

- ластиче за врзување

- лак за коса

za-lezeren-i-opusten-izgled-razbusavena-pletenka-vo-5-cekori-1

Постапка:

1. Натапирајте ја и од едната страна и на темето, поделете ја косата на лежерен патец на страна и целата коса префрлете ја преку едното рамо.

2. Косата поделете ја на 3 прамени, а од едниот исплетете тенка плетенка и со прстите развлечете ја за не биде стегната, туку бушава и лежерна.

3. Од тенката плетенка и останатите два прамени почнете да плетете почнете да плетете подебела плетенка, но од висина на ушите, па надолу, за на крај да ја врзете со ластичето.

4. После тоа со прстите повлечете делови од плетенката и раширете ги додека плетенката не стане двојно поголема. Со оглед на тоа што плетенката мора да биде разбушавена, слободно извлечете по некој прамен кој слободно ќе паѓа.

5. Плетенката фиксирајте ја со лак за коса и вашата фризура е готова.

Ако имате долги шишки или степени, не се обидувајте да ги фатите, туку оставете ги слободно разлетани. Тоа ви дава опуштен и разигран изглед.

Погледнете ги сите постапки во видеото и пробајте да ја направите:

Би можело да ве интересира:

14 идеи како да комбинирате мини здолниште во септември 2024 (фото) Мини здолништата повторно се враќаат во мода, а овој септември, без оглед на тем...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
22 предлози за пролетни модни комбинации со палто (фото) Купувањето палто на пролет е најверојатно најдобрата инвестиција што можете да ј...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
8 детали во изгледот кои ќе направат да делувате кралски и луксузно Волумен во косата наместо сплескана и залижана фризура, големи, но средени веѓи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg