Правила на облекување: Како да изгледате послабо?

Тенок струк без да одите во теретана или фигура како песочен часовник без да го затегнувате корсетот? Ви звучи како невозможна мисија.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-01

Додека навистина да ја добиете посакуваната линија и да се соблечете на некоја плажа, сè уште може да ја искористите гардеробата на правилен начин за да го постигнете визуелниот ефект.

Важно е да ги одберете правилните парчиња иако можеби не се првите кои ќе ви се допаднат. Некои се определуваат за фустани кои наместо визуелно да им ги намалуваат, тие им додаваат повеќе килограми.

Треба да одберете фустан со едноставен крој кој нема да ги нагласи вашите недостатоци. Црниот фустан е проверен избор, бидејќи ќе изгледате послабо, a ако е малку подолг, тогаш ќе ве направи и повисоки.

Совршен трик за да изгледате послаби. Панталони во црна боја, кожна црна јакна и чевли со високи потпетици. Струкот ќе ви изгледа потесно, а нозете ќе ви бидат визуелно послаби и подолги.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-1


Долгиот капут или тенка наметка во некоја интересна тренди боја и со колан околу половината кој ќе ви го истакне струкот и ќе ви даде впечатлив изглед.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-2


Подолга маичка која ќе ја ставите под здолништето и ќе добиете совршен резултат. Супер погодок, особено за девојките кои имаат повеќе килограми на колковите.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-3


Комбинезон или фустан кој се врзува на струкот ќе ви помогне да изгледате софистицирано и послабо.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-4


Костум во некоја актуелна боја со класични прави панталони со висок струк кои ќе ви ги издолжат нозете.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-5


На дневната светла комбинација со здолниште и кошула, околу струкот додадете широк впечатлив појас кој ќе ви ја истакне фигурата.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-6


Уште еден елегантен начин за да го скриете вишокот килограми. Лежерно и кул издание од деведесеттите со кожната јакна како главен елемент.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-7


Црно-бела комбинација која визуелно ќе направи илузија на песочен часовник на вашето тело.

pravila-za-oblekuvanje-kako-da-izgledate-poslabo-8

Би можело да ве интересира:

Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...

Најчитани неделава