Убавината низ вековите

ubavinata-niz-vekovite-povekjeСовремените идеали за убавина се: отсуство на облик и половина, кожа до коските, силиконски гради, надоградени локни и нереално исончаниот бронзен...

 

...тен на кожата... најверојатно би ги ужаснале жителите на средновековна Европа.ubavinata-niz-vekovite1

Затоа, денес им се смееме на принцезите кои на главите носеле цели скулптури од фризури, нанесувале тони пудра по лицето и телото и со месеци не се капеле.

Современите антрополози сметаат дека за идеалот за женската убавина може да се суди почнувајќи од каменото доба. Археолозите наоѓаат древни женски статуетки кои се постари од 20.000 години.

Меѓу нив се наоѓа и „Венера од Вилендорф“ - жена со кратки нозе, големи гради и виснат стомак, способна да роди и исхрани многу деца - идеалот на древниот човек.

Античката убавина

Во тоа време идеалот за убавина претставувало хармонично граденото тело, на пример, пропорциите на Венера (86-69-93) при височина од 164cm - доста слични на денешните стандарди за модели.

Европските стандарди

Во периодот од 10 до 12 век, трубадурите ги величеле нежните жени со бела кожа. Во мода била и издолженоста, почнувајќи од фигурата и завршувајќи со високото чело и долгиот врат.За да им изгледа подолг вратот, жените ја бричеле косата на тилот. Исто така се ценеле тенките раце со долги грациозни прсти.

Во средновековна Европа физичката убавина се сметала за грев, и затоа жените носеле фустани кои целосно им го сокривале телото.

Сепак, и тогаш постоеле извесни правила што ја дефинирале убавината - се ценела минијатурноста на се, почнувајќи од растот и завршувајќи со цртите на лицето. За изразот да им биде целосен, жените си ги бричеле веѓите.

Ренесансата и Барокот

Широки бедра, големи гради, полнички раце - се сметал за убави. Слабите жени тешко можеле да се омажат.

Кон крајот на 16 век во Италија се појавил стилот барок. Модерна станала т.н. куклинска убавина. Жените наликувале на керамички статуетки: мала глава, тенка половина, лебедов врат, мазен грб и мали гради.

Некои од нив се измачувале со гладување за да изгледаат понежно и да му го дадат на лицето посакуваното благородно бледило.

Во употреба влегла и пудрата, со неа се покривале целото лице, деколтето, периките, а бидејќи тоа задоволство било многу скапо, жените и мажите не се миеле со месеци.

Историчарите велат дека се бањале еднаш или двапати годишно. Се чешлале со посебни чешли. Жените почнале да се појавуваат со кученца бидејќи вошките од нивните перики се префрлале во кучешкото крзно.ubavinata-niz-vekovite2

Безумниот ХХ век

Ера на женската еманципација, кога жените почнуваат да носат пантолони, да развиваат мускули, да возат коли, да пушат и да пијат жесток алкохол.

Во 60-тите почнува „синдромот Твиги“, кој го добил своето име според името на првиот супермодел. Со височина од 169 см таа тежела околу 48 кг, а нејзините пропорции изнесувале 80-55-80.

Оваа жена - девојка станала идол на практично целата слаба половина на Европа. Во мода влегле девојчинската остроаголност, острите лопатки, ковчестите коленици и тенките нозе. Жените воделе строги диети, гладувале и спортувале до изнемоштеност.

Во 70-тите се појавува учењето за здравиот начин на живот.

Современиот идеал за убавина набрзо ќе доживее промена. Веќе сега на подиумите се појавуваат девојки со телесен облик според кој, како што тврди дизајнерот Џон Галијано, а и антрополозите за 5-10 години слабите жени ќе се сметаат за неубави, и полничките девојки со сите сили ќе го освојат нашиот свет.

Би можело да ве интересира:

Впечатливи парови, кул девојки: Уличната мода во Скопје, низ папарацо фотки на Инстаграм профил Од чанти со уникатни дезени, до впечатливи тексас јакни и мантили, скопјани нави...
Македонецот Мартин Сипковски потпиша договор со модна агенција од Истанбул Екс ракометарот на Вардар, Мартин Сипковски (19) е првиот Македонец кој потпиша ...
Како да носите здолниште во зима (и да изгледате неодоливо кога температурите се под нула) Комбинирајте различни текстури, изберете здолништа со светки за деновите околу п...
Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Met Gala во фустан што далечната...
Тејлор Свифт во новиот спот носи фустан од Македонец – Белата венчаница е дело на Тони Матичевски Со помош на креацијата на нашиот Тони Матичевски и шминката, Тејлор Свифт ѝ одда...
Како да ги комбинирате панталоните со риги, а да не изгледате смешно? (фото) Панталоните со риги се одлични за деновите кога сакате да изгледате лежерно, а д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg